• Latest
Фото: МИА

Ние имаме наши обврски, но и ЕУ треба да испорача за да го задржи кредибилитет во нашиот регион, смета Муцунски

June 26, 2024
Фото: Глобус

Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

November 16, 2025

Трајниот геноцид на кремљовскиот режим

November 16, 2025
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Повикување во живот

November 16, 2025
Фото: Wikimedia commons

Велика Британија испраќа војници во Босна: Јасна мисија и силен сигнал до Балканот

November 16, 2025
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Ние имаме наши обврски, но и ЕУ треба да испорача за да го задржи кредибилитет во нашиот регион, смета Муцунски

June 26, 2024 15:17
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Реформската агенда, очекувањата коишто ЕУ ги има од нашата земја, реформите што треба да се испорачуваат и реализацијата на Планот за раст на западниот Балкан, беа главни теми на денешните средби на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски во Брисел со претставниците на институциите на Европската Унија.

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, Муцунски се сретна со првиот човек на Генералниот директорат за соседство и пристапни преговори (ДГ НЕАР), Герт Јан Копман, како и со европратениците Дејвид Мекалистер, Тинeке Стрик и Илхан Ќучук.

– Им се заблагодарив на членовите на Европскиот парламент за поддршката која што тие ја дадоа за Планот на раст, што неодамна беше усвоен и којшто ќе биде многу значаен за целиот регион. Клучните прашања што ги отворавме се очекувањата што ги имаат тие од државата, но и очекувањата коишто ние ги имаме од ЕУ за што е потребно и таа да испорача за да го задржи тој кредибилитет во нашиот регион, истакна Муцунски по средбите во Брисел.

Во однос на обврските што треба да ги исполни земјава од страна на претставниците на ЕУ биле посочени реформите во делот на владеењето на правото и јавната администрација, како и борбата со високата корупција.

– Има и некои прашања коишто се во доменот на политичките очекувањата, при што ние ги претставивме ставовите на Владата, коишто се инкорпорирани и во владината програма и беа дел од ставовите на политичките партии коишто добија мнозинство од граѓаните на последните избори, рече Муцунски.

Шефот на дипломатијата информира и дека на средбата со европратеникот Ќучук, кој во претходниот европарламентарен состав беше известител на Европскиот парламент за државата, разговарале за тековните реформи што треба да се спроведат, но и за билатералните односи на земјава со Бугарија.

– Сметам дека тој може да даде свој придонес за подобрување на тие билатерални односи, оцени Муцунски.

На средбата во Европската комисија со генералниот директор на НЕАР, Копман станало збор за реформите, кои ЕУ очекува де ги спроведе земјава.

– Голем дел од средбата ја поминавме зборувајќи за Планот за раст којшто е навистина сериозен фокус тука во Брисел и таа беше во една позитивна атмосфера. Сакам да верувам дека таа атмосфера ќе продолжи и во идниот период, изјави министерот за надворешни работи и надворешна трговија.

Во врска со тоа кога земјава ќе може да ја очекува првата транша од финансиските средства предвидени со Планот за раст на Западниот Балкан, Муцунски истакна дека не би можел да прејудицира кога ќе се случи тоа.

– Сепак крајната одлука за тоа ќе се носи во Брисел. Поставена е рамката за Реформската агенда. Во активна комуникација сум деновиве примарно со претседателот на Владата Мицкоски, но комуницираме заеднички и со некои од клучните министри коишто имаат надлежности во делот на Реформската агенда и тоа што треба да прифатиме не само како реформи, туку и како рокови поврзани со тие реформи. Со премиерот сметаме дека тоа е едно од првите конкретни исчекори којшто ќе може Владата да го даде во процесот на европска интеграција, но да оставиме да видиме во следните неколку денови, би рекол и следната недела, како ќе се развива тој процес. Сакам да очекувам дека позитивно ќе се развие и има некоја најава за што е можно побрза динамика на првата транша, но сепак тоа не е одлука на земјите од Западниот Балкан, тоа е одлука која што ќе се донесе тука во Брисел, додаде Муцунски.

Тој нагласи дека со оваа негова прва работна посета во странство по стапувањето на должност е отворен дијалогот на новата Влада со претставниците во Брисел, при што најави дека во следниот период во официјална посета белгискиот главен град ќе допатува и премиерот Христијан Мицкоски.

– Чекаме да се случи една извесност во Брисел за тоа кој ќе ги предводи европските институции. Во моментот гледате дека фокусот на највисоко ниво на ЕУ е за тоа кој ќе биде нов претседател на Европската комисија и кој ќе ги преземе клучните ресори, рече Муцунски, додавајќи дека по завршувањето на тој дијалог во Брисел ќе допатува премиерот Мицкоски на покана на официјалните претставници на Унијата, со што ќе продолжи дијалогот на новата Влада со европските институции.

Tags: ЕУМНРТимчо Муцунски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ