• Latest

„Ако сакате да уништите една нација, намалете го нивото на едукација“

January 31, 2017

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

„Ако сакате да уништите една нација, намалете го нивото на едукација“

January 31, 2017 12:08
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Нашиот едукативен систем е создаден да го намали нивото на квалификувани луѓе и да го зголеми бројот на послушници!

Пишува: Ермин Климента

Со години, одев на училиште, во гимназија, на факултет… Всушност, моите родители кои работат од своите тинејџерски години, сосема разбирливо, поради нивните обврски, немале можност самите да ме чуваат дома, и ме испратиле во јасли штом сум наполнил една година. Така што, целиот живот, од најмала возраст, родителите секојдневно ме доверувале на странци, во разни образовни институции на државата

И така, 21 година поминав во систем што не го сакам и што ми ја исцрпи креативноста. Систем кој ме тераше да цртам цртежи кога во главата ми беа бројки. Иако ме интересираше технологија, електротехника и физика, системот ме научи да ја молам мајка ми, да ми црта цртежи – за да добијам четворка, или да решавам тестови со напамет научени одговори, потоа напишани на лист хартија и дадени на професор кој го гледа само крајниот резултат, не обрнувајќи внимание на постапката…

Откако ја загубив довербата во основното, си реков, во ред, барем во средното обрзование ќе биде поинаку, посериозно, со можност за стекнување  повеќе знаење. Повторно се разочарав, но си реков – да ги издржам и тие четири години, а потоа, ќе одам на факултет за електротехника, па таму ќе црпам знаење од вистински професионалци во полето кадешто припаѓам, и нема да се лувствувам како несфатен, како аутсајдер. Повторно бев разочаран. Со мојот најдобар пријател правев проекти кои на професорите не им беа јасни, па не ги погледнуваа, додека асистентите си бркаа кариера и студентите ги ставаа на последно место… Консултации без муабет, бодови врз основа на присуство… Навреда за интелигенцијата и за сиот труд.

„Ако сакате да уништите една нација, намалете го нивото на едукација“

Ова го прочитав некаде низ интернет. Целосно се согласувам, и искрено, ми се плаче од гневот што го чувствувам кога ќе помислам дека без снаодливоста, без трудот што сам сум го вложил и покрај сите обврски да се едуцирам на форуми и без искуствата од приватниот живот, никогаш немаше да се почувствувам навистина слободен. Да успеам да се кренам над ропството кое го чувствуваме на сопствената кожа, веќе 10 години. Зашто, нашиот едукативен систем е создаден да го намали нивото на квалификувани луѓе и да го зголеми бројот на послушници!

Против таквата состојба ќе се борам сé додека можам! Дали во информатиката, или на некое друго поле, не  е битно. Но, нема да дозволам образованието, тоа што ни дава слобода и ни овозможува да се издигнеме над себеси и над општеството и да погледнеме подалеку од хоризонтот, да остане во сегашнава тиња.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: едукативен системквалификувани лицаобразованиепослушницислобода
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result