• Latest

Арсовски: Луѓе од театарот, за жал, се ударна тупаница на власта!

January 31, 2017
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025

Димал Баша избран за претседател на косовското Собрание по повеќе од четири месеци и 58 обиди

August 26, 2025
Фридрих Мерц (фото извор: Wikimedia)

Мерц: Германија нема да ја признае палестинската држава

August 26, 2025

Академски пленум на Србија: Санкционирањето наставници поради протести е дискриминација

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Арсовски: Луѓе од театарот, за жал, се ударна тупаница на власта!

January 31, 2017 13:05
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Македонскиот народен театар  е основан веднаш по ослободувањето и е еден од основните темели на новата држава. Јазикот и културата биле многу важни за Македонија како новата држава. За жал, денес не можеме да се пофалиме со тоа. Долго време театарот беше една од најважните карики во новото општество. Ние можевме да се пофалиме, до пред неколку години, со почитуван театар, како тука, така и во странство. Сите знаеме дека македонскиот театар е меѓу најдобрите во околината и нешто со што можеме да се пофалиме. Познати се успесите на режисерите, актерите, претставите, но…“, се потсетува актерот Перо Арсовски во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, по повод 31 јануари, денот кога пред 72 години, беше основан Македонскиот народен театар.

Според него, македонскиот театар во последните години ја загуби својата улога на критичар на општеството.

„Театарот беше многу интересен за новата власт, како едно од најдобрите полиња за пропаганда, за ширење на своето влијание преку популарноста на театарот и на театарските дејци. Прво што направи, театарот се исчисти од сите што се непослушни,  што не се за сегашната гарнитура. Ние изгубиме многу значајни дејци, некои од нив заминаа во странство, некои престанаа да работат, а некои беа оставени во заборав. Дојдоа нови клинци кои од театарот направија пропаганда машинерија“, вели Арсовски.

„Не е вината само на сегашната гарнитура. Таа  успеа да најде начин да влезе во ткивото на театарот, со тоа што успеа да корумпира добар дел од театарските актери, режисери, писатели…, и да ги стави на клучни места во театарот. Особено со градењето на објектот на МНТ со кој се фалат, а нема врска со театар. Тоа е зграда во којашто се прават прослави, се слават јубилеи, уште да се организираат гостувања на турбо-фолк пејачки… Тие се фалат дека направиле многу за театарот, затоа што потрошиле 60 милиони евра за таа нова зграда. Ако погледнете која е ударната тупаница на оваа власт, тоа се театарски дејци, мислам на ГДОМ, на тие што ја бранат Македонија од Шарената револуција од Сорос итн. Таму ќе најдете сериозен број на дејци кои се закануваат со долги ножеви, со Ќосето… “, смета Арсовски, кој сепак, верува дека не е сé изгубено и дека театарот може повторно да биде македонска гордост.

„Театарот е живот! Тој доживувал успони и падови и во периодот за кој зборував, кога беше познат и надвор од границите. И тогаш паѓал, но веднаш потоа се кревал. Луѓето и сега се тука, ние имаме одлична академија. Парадоксално е што, во исто време, и носителите на отпорот и на Шарената револуција доаѓаат баш од Факултетот за драмски уметности. Најактивни млади студенти во отпорот се токму актерите, тие прават претстави кои се алтернативни, кои се многу јасни против оваа диктатура. Во МКЦ, на академската сцена, може да се гледаат одлични претстави кои го искажуваат своето спротивставување со оваа гарнитура. Тие млади деца се тука, не може да одат надвор, за наша среќа. Не се инженери, доктори…, нивниот алат е јазикот и тие тука можат да се реализираат. Токму тие ќе го вратат театарот на вистинската патека. Само мора да се ослободат од силното влијание на власта. Театарот мора да биде слободен. Дежурен полицаец кој критикува! Секогаш било така. Да не ги споменувам Нушиќ, или Гогољ во руската литература и театар, нашите Горан Стефановски,  Дуковски… Тие беа критичари на нивното време, а никој не кревал толку врева околу тоа, како сега. Да се наградуваат рецитали како ‘Вечната куќа’?“, се осврнува Арсовски на актуелните состојби.

„Понекогаш, ќе се појави некоја претстава, за да можат да кажат дека ‘не работат само нашите работат и другите’. По некое непишано правило, тоа се најдобрите претстави што ги имаат. Мислам на ‘Животот на Молиер’, ‘Животот е убав’, ‘Мајсторот и Маргарита’… Тоа се тие претстави кои можам некому да ги препорачам. Тоа се претстави од луѓе кои не се ‘нивни’. Не знам како ќе го објасниме тоа, но така е. Ова што го кажувам, тие ќе го демантираат со тоа што ќе кажат дека Милчин работел во ‘Театарот за деца и млади’. Но, тоа е претстава која актерите многу жолчно ја бранеа. Новиот директор дојде и ја симна, па потоа, актерите успеаја да ја одбранат“, вели актерот Арсовски во разговорот за ЦИВИЛ Медиа.

На 31-ви јануари 1945 година,  со решението број 581 на Президиумот на АСНОМ, бил основан Македонскиот народен театар. Првата драмска претстава била прикажана на 3-ти април 1945, „Платон Кречет“ од советскиот драматург Александар Корнејчук, во режија на Димитар Ќостаров.

Марија Теговска

Print Friendly, PDF & Email
Tags: властМНТПеро АрсовскипретставирежимСоростеатарЌосеЦивилшарена револуција
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    110 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ