• Latest
Фото: МИА архива

Нови именувања и разрешувања, 600 милиони денари за заостанати директни плаќања за земјоделците

July 5, 2024

Од Матрикс до агентската ВИ: Кога софтверот престанува само да одговара и почнува да дејствува

August 30, 2026

Ако нема штета, нема загадување и нема докази – што всушност остана од случајот „Мазут“?

August 30, 2026
Избирачко место во Исланд (фото извор: скриншот од видео на социјалните мрежи)

Исланд го отфрли враќањето на преговорите со ЕУ, „не“ води со 52,5 отсто наспроти 47,5 отсто „за“

August 30, 2026

ЦИВИЛ: Глорификацијата на Ратко Младиќ е напад врз жртвите, вистината и демократскиот поредок

August 30, 2026
Кијивска област, 29 август 2026 (извор: ДСНС)

Руски терор врз Украина: Најмалку 37 загинати и голем број ранети во Кијивска област, 30 часа непрекинат напад врз цивилите

August 29, 2026
Седиште на ВМРО-ДПМНЕ (фото Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

До каде се реакциите на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за четничкото дивеење на ДПСМ – или – колку е голема бруката?

August 29, 2026
Рејкјавик (фото извор: hiticeland.com)

Исланд на референдум за обнова на преговорите за членство во ЕУ – што е исто, а што различно од Западен Балкан?

August 29, 2026

Почна втората сезона на Eyes on Democracy: Украина и иднината на Европа (ВИДЕО)

August 28, 2026

СДА Македонија со остра осуда на величењето на воениот злосторник: Дали партнерите на ДПСМ во власта ја делат истата глорификација на воените злосторства на Ратко Младиќ!?

August 28, 2026

Генералот кој умре и продолжува да живее

August 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Нови именувања и разрешувања, 600 милиони денари за заостанати директни плаќања за земјоделците

July 5, 2024 20:39
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Владата на Република Северна Македонија на денешната трета седница донесе одлука за именување на нови кадри и разрешување од должност на национални координатори.

Во однос на нови именувања во државните институции на владина седница се донесе одлука за назначување на:

Васе Анакиев се именува за вршител на должноста директор на Државниот инспекторатот за земјоделство. Анакиев е дипломиран инженер агроном и магистер на економски науки, со работно искуство во Министерството за шумарство и водостопанство. Бил претседател на Комисијата за доделување на земјоделско земјиште.

Весела Честоева, се именува за вршител на должноста директор на Управата за заштита на културното наследство. Честоева дипломирала на Институтот за Историја на уметноста и Археологија при филозофскиот факултет во Скопје и магистрант на Институтот за национална историја. До 2024 година е директор на ЈОУ Вински музеј за регион Тиквеш- Кавадарци, а претходно и директор на НУ Археолошки музеј на Македонија – Скопје, како и пратеник во Собранието.

Иван Живковски се именува за в.д. директор на Агенцијата за катастар на недвижности. Живковски има магистрирано на тема „Правниот статус на Агенцијата за катастар и недвижности како државен орган“, а има дипломирано на правиот факултет „Јустинијан Прв“ во Скопје. Работи како адвокат. Во минатото бил и претседател на Студентскиот парламент на УКИМ и има учествувано во повеќе органи на управување.

Данијел Апостолоски се избира за управител на Друштво за изградба, управување и издавање на повеќенаменска Сала Борис Трајковски ДООЕЛ Скопје. Апостолоски е дипломиран професор по физичка култура и магистрант на Факултет за менаџмент на човечки ресурси при Универзитет за туризам и менаџмент – Скопје. Има работно искуство во ДСУ „Спортска академија“ Скопје.

Амет Зибери се именува за в.д. заменик на директорот на Агенцијата за катастар на недвижности.

Даут Мемеши се именува за в.д. директор на Бирото за регионален развој.

Рефик Џемаили се именува за в.д. директор на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија.

Александар Донев се именува за в.д. директор на Управа за сигурност во железничкиот систем.

Диме Ратајкоски, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Истанбул, Република Турција. Ратајковски е магистрант на катедра за Историја на УКИМ, а работи како новинар и уредник во МРТВ на Културно-документарна програма и автор и сценарист на документарни филмови.

Мими Ѓоргоска Илиевска, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Загреб, Република Хрватска. Ѓоргоска Илиевска е магистер по филолошки науки, универзитетски професор и експерт за заштита на аудиовизуелното наследство. Има повеќе од 20 години работно искуство во филмската дејност и дејноста на заштита на аудиовизуелното наследство. Член е на Европската филмска академија, а има раководено со Агенцијата за филм и Н.У. Кинотека.

Васко Шутаров, на предлог на министерот за култура се именува за директор на Културно-Информативен Центар на Република Северна Македонија во Белград, Република Србија. Шутаров дипломирал на Факултетот за политички науки во Белград, на насоката по дипломатија. Магистрирал во областа правни науки и применета дипломатија на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип и докторирал во областа политички науки на истиот универзитет. Бил советник во советот на Општина Гевгелија и пратеник во собранието, а автор е на број научни трудови и книги.

Владата ги разреши националните координатори и тоа:

Владимир Пивоваров се разрешува од должноста в.д. координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.

Неби Бејадин се разрешува од должноста в.д. заменик координатор на Националниот координативен центар за гранично управување.

Борче Мирчески се разрешува од должноста в.д. Национален координатор за медијација.

Фатмир Ејупи се разрешува од должноста Национален координатор за социјална заштита и процес на деинституционализација.

Бедри Бехадини се разрешува од должноста Национален координатор за информатика и енергетика.

Фатон Асани се разрешува од должноста Национален координатор за соработка со дијаспора.

Рамадан Рамадани се разрешува од должноста Национален координатор за кохезија.

Владимир Симоновски се разрешува од должноста Национален координатор за имплементација на Националната платформа за намалување на ризици од несреќи и катастрофи на Република Северна Македонија.

Златко Апостолоски се разрешува од должноста Национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризам.

Џеладин Тефик Ајвази се разрешува од должноста заменик национален координатор за спречување на насилен екстремизам.

Златко Арсов се разрешува од должноста заменик национален координатор за борба против тероризам.

Роберт Алаѓозовски се разрешува од должноста Национален координатор за интеркултурализам, едно општество, развој на културата и меѓуресорска соработка.

Магбуле Амети се разрешува од должноста Национален координатор за здравство.

Д-р Маја Мосјова Мијовска, на предлог на министерот за здравство се разрешува од должноста Национален координатор за трансплантација.

Д-р Билјана Андоновска се разрешува од должноста заменик на националниот координатор за трансплантација.

На седницата на Влада се донесе одлука со која се направи пренамена во програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година со која се обезбедуваат преку Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство 600 милиони денари за дополнителни директни плаќања за земјоделците за растително и сточарско производство кои до сега биле неисплатени.

Исто така се донесе одлука со која Министерството за транспорт и врски согласно програмата за капитални инвестиции става на располагање 6 милиони денари на општината Ѓорче Петров за изградба и реконструкција на патна инфраструктура.

Tags: влададиректори
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ