• Latest

Непослушни момчиња

July 15, 2024
Nicolas Sarkozy
Source> screenshot France 24

Поранешниот француски претседател Никола Саркози ќе биде ослободен од затвор

November 10, 2025

Шефот на СЗО апелира до Трамп: Повлекувањето на САД ќе има цена – човечки животи

November 10, 2025
Милорад Додик

Изборите во Република Српска – референдум за Додик

November 10, 2025
Скриншот од видео на 10 News

Американскиот сенат го надмина застојот во клучното гласање за прекин на затворањето на владата

November 10, 2025
фото: United Nations UN WATER

КОП30: Трамп повикан да ги вклучи САД во борбата против климатските промени

November 10, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Трилионскиот буџет на Европска комисија под притисок – фон дер Лајен се брани од критиките

November 10, 2025

Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

November 10, 2025
Санкционираниот Кирил Дмитриев, специјалниот пратеник на рускиот претседател Владимир Путин за инвестиции и економска соработка. Скриншот од видео на CNN

Украина воведе нови санкции врз 8 високи функционери на Кремљ и 5 руски пропагандни издавачки куќи

November 10, 2025

Совет на Амбасадори: Членството во Европската Унија е стратешки, политички и безбедносен приоритет на земјата,

November 10, 2025
Скриншот од видео на VNA Media

Три сомнителни дронови забележани над белгиската нуклеарна централа Доел во близина на Антверпен

November 10, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Непослушни момчиња

Истражување на Фондацијата „Еберт“ покажа дека на Балканот девојчињата не се заинтересирани за десницата и за екстремните групи, додека момчињата го сакаат нацифашизмот. Истражувачите биле непријатно изненадени. Фактите се тука, толкување нема

July 15, 2024 12:54
in АНАЛИЗИ, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

СВЕТЛАНА СЛАПШАК 

Фондацијата „Еберт“ направи истражување на територија на Балканските земји за политичките ставови на младите. Објавените резултати од словенечкото истражување се повеќе од загрижувачки. Се однесуваат на 600 испитаници, што е стандарден број за такви истражувања, но тоа не буди надеж.

Младите се позаинтересирани за политика отколку пред шест години (2018) и истовремено е забележливо дека повеќето се заинтересирани за екстремната десница. Разликата е особено изразена помеѓу девојките и момчињата (испитаниците се помеѓу 14 и 19 години) – девојчињата не се заинтересирани за десницата и за екстремните групи, додека момчињата го сакаат нацифашизмот. Истражувачите биле непријатно изненадени. Фактите се тука, толкување нема. Можеме да шпекулираме и анализираме, но она што е најнепријатно е дека одговорите бодат очи, што толкувањето може да биде излишно и што изгледа дека воопшто не е локално.

Основна е патријархизацијата на опшеството. Со сите приказни за кутрите мажи на кои жените им земаат сè, преку реалните податоци за женската застапеност во земјоделието, до зголемување на бројот на жените во политиката, патријархатот замавна преку сите замислени граници. Се водат војни во Европа, близу Европа,  воздухот мириса на крв, а патријархатот во тие услови секогаш растел.

Словенија е на врвот на листата на земјите по еднаквост на родовите, но сепак се појавува разлика кога станува збор за пензиите: тоа е само еден доказ дека патријархатот освен во просторот на репрезентација, делува и капиларно, на илјада начини, по скриени конвенции, од семејството до владата.

Момчињата кои стрелаат, млади мажи кои се малку или малку повеќе ментално заостанати, без било какви критериуми и ориентација, покажуваат дека постои ланец на негативно образование од јасли до матура. Го обликува стихијно, општеството во кое семејството и училиштата се покоруваат наместо да се спротиставуваат. Посредно, таквата власт на патријархатот го докажуваат жените кои се прилагодуваат на најгротескните начини: единствено што нема на тој пазар е бунтовност.

Патријархалното општество е без паметење за случајно да не се појават одговорности: затоа се слави замислена историја, чија наративна основа е совршено прилагодена на инфантилноста на тие што веруваат. Во примерот на младите, таа основа само ја покрива хормонската активност. Во споредба со неартикулираните потреби на момчињата да се изразат преку насилство, нивните желби се потполна спротивност: младиот маж сака стан, работа, пари и фамилија.

Како помеѓу црните маици, избричените глави, тетовираните екстремитети и од друга страна уредените странови нема мост, пат, премин, ништо. Момчето се зачленува, некое време се дере и тепа и потоа како награда добива гнездо со домаќинка. Во тоа се открива закржлавеноста на мисловниот апарат, одамна напуштен во воспитниот процес.

Одговорот на младите мажи јасно покажува дека нема ниедно достигнување за еднаквоста кое денес не е непосредно повторно изложено на напад и укинување. И од друга страна, постои стравот дека девојчињата кои нема да бидат во истата хормонална хорда, можеби и не се подготвени на борбата која би требало да ја водат. Нив, всушност им претстои борбата за мир, најтешката од сите.

Од искуство знаеме дека се води на секоја педа од секојдневието, дека е опасна и дека бара извонредна практична интелигенција и постојано внимание – накратко – е исцрпувачка. Друго прашање е, колку е воздржаноста на девојчињата гаранција дека тоа ќе го сакаат и можат. Ништо од тоа не може да се објасни „природно“: девојчињата од истиот воспитен систем извлекле сосема различни поуки и препораки затоа што многу рано ги почувствувале методите на патријархатот. Можеби и поради тоа се и поподготвени да се спротивстават. Можеби…

Триесет години по падот на социјализмот, другите и југословенското, доаѓаат генерации кои се спремни да бидат топовско месо и краткорочно тело на нацифашизмот. Во својата стеснета општествена рамка, денес познавам неспоредливо многу повеќе различни млади од сите соеви отколку тогаш кога се извлекував од мојата ларва на младоста и ги гледав младите околу мене: да се биде слободен, одговорен и паметен денес е одлика на младинската авангарда, која станува прва жртва на двете страни – општеството од кое се извлекле, и избраните производи на тоа општество на кои им пречат. А статистиката во безнадежна доба е можеби веќе само спомен.

Избор: Љубомир Костовски/ Глобус магазин

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    191 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ