• Latest

Пандов обвинува дека директорот на затворот „Шутка“, Сокол ослободувал затвореници за пари, од СДСМ велат дека Пандов ги пуштил на слобода осудените за „27 април“

July 22, 2024

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

ОН бараат правда за двојниот израелски напад врз болница во Газа, во кој загинаа пет новинари и четири здравствени работници

August 27, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина/ Фејсбук

Украинските одбранбени сили го запреа руското напредување во Днипропетровската област

August 27, 2025

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Пандов обвинува дека директорот на затворот „Шутка“, Сокол ослободувал затвореници за пари, од СДСМ велат дека Пандов ги пуштил на слобода осудените за „27 април“

July 22, 2024 14:25
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

В.д. директорот на Управата за извршување на санкции, Александар Пандов, денеска информираше дека ноќта на 19 овој месец е направен вонреден надзор во Затворот „Скопје“ и притоа е констатирано дека списокот со затвореници што го добиле од полицијата не кореспондирала со фактичката состојба која ја затекнале.

– Целта на овој вонреден надзор беше да се провери бројната состојба, дали онаа информација дека се отсутни затвореници е точна. При вршење на надзорот по список во затворот требаа да бидат 180 затвореници, акцентот беше ставен на два дела, на полуотвореното одделение и на отвореното одделение и притоа од тие 180 затвореници, ние одевме од еден во друг дел, ќелија по ќелија, се прозиваа затворениците, 11 осудени лица не беа присутни во своите ќелии, информираше Пандов.

Како што образложи в.д. директорот, отсутните лица биле ангажирани во т.н. возен парк и перална во затворот.

– Во отвореното одделение има дел кој што го нарекуваат возен парк. Во тој возен парк по списокот требаа да бидат само три осудени лица, на лице место десет осудени лица се распоредени од кои што четири осудени лица отсуствуваа. Исто така, има еден друг дел кој го нарекуваат перална, во која по список треба да има четири осудени лица, фигурираат така на списокот четири осудени лица, формално правно треба таму да бидат девет осудени лица од кои што седум беа отсутни, пронајдовме само едно лице, едно осудено лице беше на домашно отсуство, појасни тој.

Според Пандов, тие луѓе се со намера делегирани таму, да можат кога сакаат да влегуваат и излегуваат.

Во меѓувреме, како што дополни, додека го правеле надзорот, десет од тие лица се враќале и слободно се движеле околу нив.

– Разговараа со полицајците и на мое прашање како е можно да има вакво однесување, полицајците ми одговорија дека тие немаат никаква заштита. Се случува да му се јават на директорот и да му речат „Сокол ние ти дадовме пари, овие не смеат да ни се закануваат на нас“, рече тој.

Според него, затворските полицајци изјавиле дека затворениците се преместуваат со усна наредба на директорот Филип Андов – Сокол, за кого рече дека ќе побара да биде разрешен.

– Тој директор на тие луѓе им дава алиби дека се присутни во затвор, а од друга страна, тие се надвор. Тоа значи дека во тоа време тие имаат алиби да направат какви било кривични дела, рече тој.

Пандов информираше дека откако ќе го изготват записникот ќе го достават до обвинителството, а во меѓувреме, како што посочи, го информирал и премиерот Христијан Мицкоски дека во најголем дел од затворите е слична состојбата.

– Државата треба под итно да се позанимава пред сѐ со овој директор на затвор, меѓутоа, ви ветувам дека во наредниот период ќе бидат интензивно правени проверки и на останатите затвори, да видиме каква е состојбата кај нив, рече тој.

Дополни дека седум години не бил направен вондреден надзор во овој затвор и дека во моментов двајца службеници се во затворот за да го земат материјалот од видео надзорот, а четири осуденици се во бегство.

Во врска со затворениците од Штип, помеѓу кои има осудени за „27 април“, а кои побарале да бидат пуштени поради здравствен зафат, Пандов одговори дека таквата пракса ќе ја продолжи и во иднина.

– Како в.д. директор единствено што можам е ако дојде барање од затвореник со документација дека има акутен здравствен проблем, дека мора да изврши здравствен зафат, јас немам право да го одбијам. Факт е дека во меѓувреме, од кога ја извршувам функцијата, неколку такви барања се дојдени и потпишани од моја страна, рече тој.

Дополни дека имал дојава дека поранешната специјална обвинителка, Катица Јанева, која издржува затворска казна, не е на работното место надвор од затворот, за кое имала дозвола, и при проверка се увидело дека таа навистина не е таму. Тој рече дека Јанева има право повторно да побара да работи надвор од затворот, но не кажа дали тоа ќе биде дозволено, туку само дека може да побара.

Како што информираше, минатата недела вработени од Управата направиле контроли да видат дали и други затвореници кои имаат исто право се на работните места. За тројца, како што кажа, е утврдено дека не биле.

– Во меѓувреме имаме минатата недела две или три контроли направено на повеќе локации и во град Скопје, во Тетово и во Гостивар и притоа од десетина проверени лица се најдени уште три кои требале да бидат на одредено работно место, а не биле. И за нив исто ќе бидат одземени работните дозволи, рече в.д директорот на Управата за извршување санкции.

Најави дека проверки на затворениците кои имаат право да работат ќе се прават редовно.

За Бојан Јовановски, познат како Боки 13, рече дека од Судот добил условен прекин поради здравствени причини.

– Тој има добиено условен прекин, до кога не знам, но тоа судот му има одредено поради здравствени причини. Тоа не е прекин кој што го дава Управата, туку Судот и има овластување Судот тоа да го направи, рече Пандов.

Од СДСМ велат дека Пандов преку кревање медиумска магла сака да го прикрие пуштањето осудени од 27 април што е скандалозен чин на узурпациај на институцијата.

„За само две недели директорување на Пандов, од Штипскиот затвор 4 осудени лица за 27 април се пуштени на прекин на издржување на казната?

Како осудениот Јане Ченто за насилствата од 27 ми април со негов потпис е пуштен?

Како Александар Јаневски Тошта исто така осуденик е пуштен?

Како се пуштени осудените Оливер Поповски и Митко Пешов од затворот во Штип?

Како е можно со потпис на Пандов некој да има прекин во казната од 30 дена?“, прашуваат од СДСМ.

Д.М.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ