• Latest

Македонија е 17-та на листата на држави со најзагаден воздух!

February 2, 2017

Изборен инженеринг во најава: Како власта си го приватизира Изборниот законик

July 1, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Гласање по интернет како компензација

July 1, 2026

Граѓански форум: „Едно големо ништо“ – доминантен одговор за реконструираната влада на Мицкоски

July 1, 2026

Реконструкција без реформски потенцијал: Нова шминка на старото лице на власта, државата останува блокирана

July 1, 2026

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија е 17-та на листата на држави со најзагаден воздух!

February 2, 2017 17:22
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

„Причините што Македонија се наоѓа меѓу првите држави на листата на најзагадени градови се очигледни, иако сé уште немаме точни, детални, национални информации за загаденоста на воздухот. Веќе четири години имаме масовна сеча на шумите низ државата, уништување на урбаното зеленило, како и делумно игнорирање на загаденоста на воздухот, со ширење на популистички и површни совети за заштита.  Најавите за конретни мерки се одлагаат и најавуваат постојано, но никој досега од властите не признал одговорност за проблемот. За тоа се обвинуваат граѓаните и нивниот избор на греење, а не се бара ревизија на Националната стратегија за енергетика, намалување на сечата…“, вели во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, екологот и активист Кирил Арсовски Пржо, откако организација „Еко Експертс“ објави мапа на држави со најзагаден воздух.  Од 135 рангирани земји во светот, Македонија е на 17-то место според аерозагадувањето. Истражувањето се базира на податоци од Меѓународната агенција за енергетика и Светската здравствена организација.

Во разговорот Арсовски се осврнува и на организацијата која го спроведува истражувањето.

„Актуелното истражување околу токсичноста во земјите од светот е спроведено од ‘Eко Експертс’ (The Eco Experts), што е всушност, британска компанија за производство на соларни панели, и преку истражувањето, технички се обидува да ги промовира своите услуги, и со тоа да го промовира овој начин на добивање на енерргија. Со оглед на фактот дека Обединетото Кралство субвенционира соларна енергија, ова е очекувано. Во истражувањето, државите се рангирани според: потрошувачка на енергија, емисија на јаглерод диоксид, загадување на воздухот, жртви од загаден воздух и количество на енергија добиена од обновливи ресурси.  Покрај Македонија, меѓу првите на таа листа се високо развиените држави од Блискиот Исток кои поради нивниот развој имаат огромна потрошувачка на енергија“, вели тој.

Од регионот заедно со Македонија, и Бугарија(13) и Босна и Херцеговина(14) се високо на листата на држави со најзагаден воздух во светот. Според податоците на Институтот за јавно здравје, во Македонија годишно од загаден воздух умираат 1.300 лица.

Марија Теговска

Tags: воздухенергијаКирил АрсовскиМакедонијасоларни системиЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ