Адокатката Сандра Гавриловска, правна експертка на ЦИВИЛ – Центар за слобода, на вчерашната промоција на публикацијата „Избори 2016“ – финален извештај од долгорочниот мониторинг на политичкиот процес и предвремените парламентарни избори во Република Македонија“, рече дека публикацијата е од големо значење за идните генерации, особено „имајќи го предвид македонскиот синдром на брзо заборавање“.
„Со оглед на невремето во кое живееме и имајќи го предвид македонскиот синдром за брзо заборавање мислам дека оваа публикација е од големо значење особено за идните генерации. Публикацијата претставува трајно сведоштво за шокантните политички и изборни случувања во Македонија во 2016-та година и ја одразува реалноста која сé повеќе станува илузија. Но, за среќа, со помош на меѓународната заедница и пред сé, со поддршката на германската амбасада, искрено се надевам дека конечно ќе завршиме со битката за враќање на демократијата и демократските вредности во Македонија“, рече Гавриловска.