• Latest
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Се враќа ли мантрата „За век и веков, амин“ во ДКСК?

August 15, 2024

Пет дизајнери што го променија лицето на урбаната мода

October 25, 2026

Србија гласа: До 11 часот излезноста достигна 27,3 отсто – речиси двојно повеќе од изборите во 2023 година. Што може да значи тоа?

October 25, 2026

Хоџиќ и Андонов: Изборите во Србија може да ја променат политичката слика на Западен Балкан

October 25, 2026

Референдумска атмосфера во Србија, речиси 20 отсто излезност до 10 часот, долги редици и во Њујорк (ВИДЕО)

October 25, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Убаини

October 25, 2026
Долги редици пред гласачките места во Блок 45 во Нов Белград - гласачите трпеливо чекаат да го сотварат своето право на глас, веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски за ЦИВИЛ МЕДИА)

Доцнења на избирачките места во Белград, гласачите чекаат во редици со кафе, кифлички и книги

October 25, 2026
Блок 45, Нов Белград, редица за гласање веќе од 4 часот наутро (фото: Марко Маневски)

Србија гласа: Во Блок 45 во Нов Белград граѓани чекаат во редици уште од 4 часот наутро

October 25, 2026

Погледнете ги барем само студентите од Србија

October 24, 2026

Од летечки бомби до интелигентни машини: Смртоносната еволуција на дроновите

October 24, 2026

Москва и Пекинг: Турбулентна историја на сојузништва, ривалства и конфликти

October 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Се враќа ли мантрата „За век и веков, амин“ во ДКСК?

August 15, 2024 15:47
in (АНТИ)КОРУПЦИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

Се враќа ли праксата во ДКСК на криење информации од анкетните листови за имотната состојба на функционерите пред јавноста?

Го следи ли новата претседателка на ДКСК примерот на поранешниот претседател на ова антикорупциско тело, Горан Миленков, кој за време на неговот мандат, во 2016 година, расправајќи се и инаетејќи се со новинарите го криеше анкетниот лист на поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски од новинарите.

Миленков тогаш пред новинарите покажа документ со имотна состојба на експремиерот, но не им дозволи на новинарите да добијат фотокопија, а истиот ни тогаш, ни сега го нема ниту на веб – страната на Антикорупциска.

Од тој периот остана запаметена неговата проповедничко-свештеничка изјава:

“Најљубезно ве замолувам ова прашање да го затвориме ЗА ВЕК И ВЕКОВ, АМИН“, небаре се работи за нов месија.

Се воспоставува ли недопирливост сега и за функционерите од новата владејачка номенклатура, било владина, парламентарна или претседателска.

Така, се крена врева во јавноста околу пријавениот имот во вредност од  цели 17 евра на заменик-генералниот секретар во Кабинетот на претседателката на нашата земја, на Македонија, Горан Момироски, кој во анкетниот лист доставен на 20 јули 2024 година, на свое име пријавил стан во Скопје од 110 м2, куќа во с. Долно Мелничани  од 61 м2, градежно изградено земјиште во Синѓелиќ на име на родителите, и според вкупно пријавената вредност во анкетниот лист, недвижниот имот му вреди, неверојатни 10 денари.

Тој исто така пријавил и моторно возило „Тојота Корола“ на свое име, како и уште две возила на име на брачен другар и родители кои според наведената вредност во денари во анкетниот лист вкупно вредат, нереални 1050 денари. Пријавил и плата на свое име и германска плата на име на брачниот другар без да ја наведе вредноста. И медиумите, и целокупната јавност излегоа со барање до ДКСК да ги истражи овие наводи, со цел јавноста да биде запознаена со реалната вредност на имотот кој го поседува новопечениот функционер.

ДКСК тогаш излезе со соопштение во кое како образложение за настанатата диспропорција помеѓу пријавените и реалните вредности на движниот и недвижниот имот на Момироски се наведува техничка причина за тоа што, доколку при пополнување на изјавата за имотна состојба и интереси во полето за вредност на конкретен имот износот се напише со употреба на точка или запирка, на ВЕБ страницата на ДКСК се гледа само бројот пред точката односно запирката (на пример доколку се напише 3.000.000, се гледа само 3). Од тие причини, потребно е вредноста на имотот да се напише само со бројки без употреба на интерпукциски знаци (точка или запирка). За надминување на наведеното, во електронскиот систем за поднесување за изјавата за имотна состојба и интереси е додадена следната Напомена: „Износите кои се внесуваат потребно е да бидат внесени без користење на точки и запирки“, соопштија од ДКСК и „го решија“ проблемот.

Но дали проблемот навистинае решен, или само е ставен во фиока? И после вчерашниот апдејт на веб страната на ДКСК, информациите за пријавената имотна состојба на Горан Момироски, заменик-генералниот секретар во Кабинетот на претседателката остана непроменета, односно се уште стојат пријавената неверојатна вредност на недвижниот имот во вредност од  цели 17 евра, што верувам дека ќе се сложите дека немаат допирна точка со реалноста. Сите, само не и ДКСК. ЦИВИЛ Медиа упати прашање до ДКСК (до затворањето на статијата не стигна одговор од ДКСК. ЦИВИЛ Медиа ќе го објави кога ќе го добие.), дали планираат да преземат конкретни чекори за решавање на настатата ситуација , и дали сметаат дека со ваквото свое (не)делување на јавноста на и се ускратува правото на точно и навремено информирање и правото да ја дознае вистинската вредност на имотот на заменик-генерален секретар во Кабинетот на претседателката кој го пријавил при стапувањето на функција?

Или се отвара пат како и пред 8 години, на крајот на мандатот да ги сокријат анкетните листи на сегашните функционери, и онака, во демо-христијански дух да изјават :

“Најљубезно ве замолуваме ова прашање да го затвориме ЗА ВЕК И ВЕКОВ, АМИН“.


 

Текстот е личен став на Авторот.
Tags: анкетни листовиГоран МомировскиДКСКимотна состојба
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ