Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 910 ден од од почетокот на руска инвазија се огласи преку својата сметка на Х со објава за усвојувањето на Законот за дејствувањето на верските организации во Украина.
“910. Парламентот на Украина го усвои Законот на Украина за дејствувањето на верските организации во Украина.
Новиот закон не забранува никакви верски организации или заедници во Украина; туку ги охрабрува да ги прекинат врските со руската влада, која води агресивна војна против Украина”, напиша амбасадорката Дир на Х.
910.Парламентот на 🇺🇦 го усвои Законот на Украина за дејствувањето на верските организации во Украина.
Новиот закон не забранува никакви верски организации или заедници во Украина; туку ги охрабрува да ги прекинат врските со руската влада, која води агресивна војна против Украина pic.twitter.com/4ptBPGq2Ux— Larysa Dir (@dir_larysa) August 21, 2024
Драган Мишев