• Latest

24 ЧАСА: Костадиновска Стојчевска и Лефков во клинч за „сметките“ во Лондон; интерпелацијата за Гаши е само спектакл на опозицијата;

August 26, 2024

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Костадиновска Стојчевска и Лефков во клинч за „сметките“ во Лондон; интерпелацијата за Гаши е само спектакл на опозицијата;

August 26, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека ексминистерката за култура во Лондон со народни пари купувала хулахопки, плишани мечиња, топки и куфери, Костадиновска Стојчевска тврди дека купувала со лични средства

Да, купив нови куфери од сопствена сметка и основни средства за службеното патување за да можам да патувам и да учествувам на состаноците во момент кога останав без багаж при патувањето во Лондон. Остантиот дел е тешка манипулација и целосна невистина. Вака денеска поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска Стојчевска одговори на обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ, дека трошела пари од службената картичка за лични потреби.

На прес-конференција во партискиот штаб, Костадиновска Стојчевска напомена дека дел од трошоците што ги презентирал Миле Лефков, се однесуваат на нужност таа да обезбеди основни услови за нејзино нормално функционирање на службено патување по лет на кој авиокомпанијата и го изгубила багажот.

Потврди и дека сите трошења за нејзините лични потреби биле реализирани исклучиво од нејзината лична, приватна сметка, а сите трошења кои биле нужни за службеното патување, биле реализирани од службена картичка, исклучиво согласно актуелните правилници и норми.

Костадиновска Стојчевска го повика Лефков од ВМРО-ДПМНЕ јавно да се соочат, преку некој од медиумите. Ако се утврди криминал во нејзиното работење, рече, ќе одговара пред кој било судија, но ако се докаже спротивното, ќе покрене, како што најави, тужба против ВМРО-ДПМНЕ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„По тоа што слушам не верувам дека ќе помине, ќе биде неуспешна интерпелацијата за работата на претседателот на Собранието, Африм Гаши, поднесена од политичката партија Левица,. Поголемите партии коишто се коалициски, тие што се во Владата, во мнозинството нема да ја изгласаат. Ќе биде неуспешна, меѓутоа ќе има шанса за спектакл од тие што се во опозиција, рече Таравари.

РЕГИОН

Рано утринава во реонот на градот Белград, БИА спровела контраразузнавачка акција и наводно уапсила  хрватски шпион, тврди српскиот весник Вечерње новости, инаку близок до владата на Александар Вучиќ.

СВЕТ

Експлозии се слушнаа во Кијив и други градови низ Украина утрото на 26 август, кога Русија изврши масовен напад со проектили и беспилотни летала, при што загинаа најмалку четири лица.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Често се прашуваме – како во историјата ќе биде забележано времето во кое живееме? Што ќе биде главната одредница по која идните генерации ќе нѐ паметат? Ќе има ли воопшто нешто позитивно што ќе биде вредно за паметење?

Да, Македонија стана независна држава. Ама колку среќа од тоа видоа нејзините граѓани?

Еден поим како алиби за целото ова време постојано се наметнува како рамка за опис на овие триесеттина години. Ја нарекувавме транзиција во деведесеттитe, но таа „преодна фаза“ се растегна и често се прашуваме дали не стана состојба. А ние кои имаме доволно години за да се сеќаваме, сѐ почесто се вртиме со носталгија за времето кога започна тој процес на транзиција“, пишува Војо Маневски во колумната „Ќе излеземе ли од последиците на транзицијата или таа е веќе состојба“?

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ