• Latest

Инспекции од утре за маржите на училишниот прибор

September 4, 2024

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

Инспекции од утре за маржите на училишниот прибор

September 4, 2024 20:29
in ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Инспекторите од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ)  од утре на терен ќе проверува дали трговците ја почитуваат одлуката на Владата за ограничување на највисоката трговска или профитна маржата за училишниот прибор, на 5 отсто за големопродажба и 10 отсто за малопродажба.

-Трговците кои се опфатени со Одлуката на Владата за училишен прибор (Службен весник на РСМ бр. 183/24), имаат обврска да ги усогласат цените на производите. Од утре инспекторите ќе бидат на терен и ќе вршат контроли за да се утврди дали трговците постапиле во согласност со оваа Одлука.  Инспекторите ќе постапуваат во рамки на нивните надлежности кои произлегуват од Одлуката, а согласно тоа и според Законот за трговија, соопшти ДПИ.

Со Одлуката, се однесува за: ранци и ташни; тетратки, блокови, нотеси, колажи; средства за пишување (моливи и пенкала); дрвени боици; пластелин, теста за моделирање, подлоги; фломастери и маркери; мрсни боици; темперни, акрилни, водени бои и четки; линијари и дидактички материјали ; острилки и гуми за бришење; детски ножици; футроли, етуи и училишни додатоци; лепак и шестари, дигитрони, компаси и лупи.

Највисоката трговска (профитна) маржа што ја утврди Владата вчера ќе се применува до 20 октомври годинава.

Начинот на кој ќе се постапува доколку некој од трговците дејствува спротивно од Одлуката е предвиден во Законот за трговија. Во случај да се утврди прекршување на Одлуката ДПИ најавува дека ќе следат казни кои произлегуваат од Законот за трговија. Казните изнесуваат од 800 до 10000 евра, во зависност од големината и видот на трговецот.

-Напоменувам дека Државниот пазарен инспекторат ќе постапува исклучиво по однос на контрола на цените утврдени со Одлуката, но нема надлежност да постапува, ниту пак да влијае врз формирање на цени во трговијата на големо и трговијата на мало. Како што постапувавме претходно, така и сега, нема да има компромис за никого, законот ќе важи еднакво за сите и сите трговци опфатени со Одлуката имаат обврска да ја почитуваат!, соопшти ДПИ.

Апелира да се почитува Одлуката и ги повикува граѓаните доколку забележат неправилности веднаш да пријават во Пазарниот инспекторат.

-Работиме во интерес на граѓаните и токму затоа е донесена оваа Одлука, да се спречи личното профитерство и злоупотреба на граѓаните, посочува ДПИ.

Пријава до пазарниот инспекторат може да поднесете на 191 или www.dpi.gov.mk.

Владата вчера ја донесе одлуката во рамки на мерката „Помалку трошоци, повеќе за тебе! Се грижиме“, како помош на семејствата што имаат ученици со цел да се намалат трошоците за набавка на училиштен прибор. /МИА

Print Friendly, PDF & Email
Tags: инспекциимаржа
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result