Владата ќе им додели на општините 250 милиони евра за реализирање на нови градинки, училишта, улици, атмосферски и фекални канализации, спортски сали, водоводни мрежи и други проекти.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за владиниот проект – 250 милиони евра за општините?
ЦивилМедиа денеска го постави ова прашање и ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе споделат мисли.
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа