• Latest
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ ИЗЈАВИ

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026 14:56
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ЕВРОПА, ИЗЈАВИ, ТОП 5
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на Украина Володимир Зеленски на Самитот Украина–НБ8 ги истакна трите клучни приоритети за понатамошната соработка меѓу Украина и нордиско-балтичките партнери, нагласувајќи дека Европа мора да дејствува заеднички и решително во услови на продолжената руска агресија.

Украинската амбасадорка во Северна Македонија, Лариса Дир, објави:

„За време на Самитот Украина – НБ8, Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ги истакна трите клучни приоритети на соработката. Важно е и натамошното зајакнување на санкциите против рф. рф мора да ја заврши својата војна, а само притисокот може да ја присили да го направи тоа.“

За време на Самитот Украина – NB8, Претседателот на 🇺🇦, Володимир Зеленски, ги истакна трите клучни приоритети на соработката. Важно е и натамошното зајакнување на санкциите против рф. рф мора да ја заврши својата војна, а само притисокот може да ја присили да го направи тоа. pic.twitter.com/Ycxr8LnbBv

— Larysa Dir (@dir_larysa) June 10, 2026

Во објавата, амбасадорката го цитира претседателот Зеленски, кој порача:

„Европа е најсилна кога Европејците дејствуваат заедно, а не одделно. Токму тоа го постигнуваме преку сите наши формати на соработка. Постојат три клучни приоритети.“

Претседателот Зеленски со лидерите на Исланд и Естонија, НБ8, 9 јуни 2026

Според претседателот на Украина, првиот приоритет е:

„Првиот е да ја направиме дипломатијата поактивна.“

Вториот приоритет, според Зеленски, е дополнително зајакнување на противвоздушната одбрана и европската безбедносна соработка:

„Вториот е да ја обезбедиме Украина со средства за противвоздушна одбрана и да ја зајакнеме нашата соработка за Европа да стане посилна, вклучително и преку програмата PURL.“

Третиот приоритет се однесува на евроинтегративниот процес на Украина:

„И третиот. Подготовка за важни средби на ниво на Европската Унија. Време е да се отворат сите кластери. Сѐ е подготвено и нема ниту една причина за одложување.“

Форматот НБ8. ги обединува нордиските и балтичките држави – Данска, Шведска, Норвешка, Финска,, Исланд, Естонија, Латвија и Литванија.

Овие земји важат за едни од најсилните поддржувачи на Украина во Европа, особено во сферата на воената помош, противвоздушната одбрана, санкциите против Русија и енергетската безбедност.

Изјавите од самитот доаѓаат во период на засилени руски воздушни напади врз украинските градови и континуирани дипломатски тензии околу санкциите, безбедносната поддршка и европската интеграција на Украина.

Украинските лидери континуирано нагласуваат дека санкциите и меѓународниот притисок остануваат клучни механизми за ограничување на руските воени капацитети и притисок врз Кремљ да се согласи со постигнување „праведен и траен мир“.

Џ. Д.

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ