• Latest

МОН за ЦИВИЛ: За безбедноста на учениците ќе има зголемување на полициски патроли околу училишните објекти и на локациите каде има поголема раздвиженост на ученици

September 10, 2024

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026

Украинската сила против руското зло: Моќна порака на претседателот Зеленски до нацијата

August 26, 2026

Опозицијата игра баскет

August 26, 2026

САД го засилуваат економскиот притисок врз Иран: Нови санкции, секундарни мерки и битка за Ормускиот теснец

August 25, 2026
Фото: МИА

ЕУ подготвува нови правила за проширување: Построги услови, постепена интеграција и „заштита од тројански коњи“

August 25, 2026
фото: ВИ

Неплатените државни обврски се приближуваат до 700 милиони евра, над 315 милиони евра кон приватниот сектор

August 25, 2026

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОБРАЗОВАНИЕ

МОН за ЦИВИЛ: За безбедноста на учениците ќе има зголемување на полициски патроли околу училишните објекти и на локациите каде има поголема раздвиженост на ученици

September 10, 2024 12:42
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОБРАЗОВАНИЕ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Со почетокот на учебната година, почнуваат и грижите за безбедноста на учениците. Од Министерството за образование и наука за ЦИВИЛ Медиа велат дека заедно со Министерството за внатрешни работи, локалните самоуправи и бројни меѓународни партнерски организации како УНИЦЕФ, ОБСЕ итн, постојано работат на подигнување на нивото на безбедност во училиштата.

„Согласно програмата за работа на Владата се планира зголемување на патролите околу училишните објекти и на локациите каде има поголема раздвиженост на ученици, како и спроведување на едукативни кампањи за спречување на меѓуврсничко насилство“, велат од МОН за ЦИВИЛ Медиа.

Од МОН повикуваат дека секоја конструктивна идеја е добредојдена и може да помогне во остварувањето на целта – училиштата да бидат хармонични средини за престој, едукација и создавање на генерации со вистински вредности.

Претходно, од Министерството за внатрешни работи за ЦивилМедиа изјавија дека во рамки на своите со закони пропишани надлежности, особено пред почетокот на секоја учебна година се носат посебни оперативни планови со мерки и активности што стриктно се однесуваат за сигурноста и безбедноста на училиштата и просторите во и околу истите.

На прашањето дали МВР има соработка со училиштата за превенција и едукација за (не)поседување на ладно оружје?, од МВР потенцираат дека полицијата, придржувајќи се на концептот „community policing“ (односно, полицијата како сервис на граѓаните) е со години наназад во тесна сорработка не само со надлежните во училиштата туку и со надлежните во локалните заедници, и постојано заеднички се прават конкретни проекти, програми, кампањи вклучително и во делот на превенција и рана детекција од разни видови социо-девијатни однесувања кај учениците, како што е континуираниот проект „Безбедност во училиштата“ што константно во соработка со училиштата го спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје.

На прашањето дали МВР презема мерки за превенција и контрола што носат младите во нивните ранци и џебови во училиште и надвор од училиштето (двор, улица, автобуси, автобуски станици), од МВР велат дека улогата и функцијата на МВР е јасно регулирана со Устав и закони, и дека за контрола на училишните ранци или контрола практично т.е. личен претрес на учениците (џебови) постојат строго пропишани законски норми и процедури (за малолетни лица) по кои што полицијата единствено може и смее да постапува.

Секоја учебна година носи и ризици за безбедноста на учениците. Неретки се инциденти во кои жртви се учениците или тие се учесници во групно насилство. Инцидентите се случуваат во училиштата и училишните дворови, но уште почесто надвор од нив, на улиците, во автобусите или на места за дружење и забава, како локали и спортски објекти.

Дехран Муратов

Фото: ЦивилМедиа архива / Б. Јордановска


Дали се (не)безбедни учениците во и надвор од училиштата? МВР ја гарантира сигурноста и безбедноста

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ