Секоја влада си има свои национални координатори. Па така и новата Влада назначи и разреши повеќе национални координатори, укинувајќи ја функцијата национален координатор за кохезија.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали и зошто се потребни национални координатори?
Новата Влада како национални координатори ги назначи и Влатко Ѓорчев за национален координатор за демографија и млади, Павле Трајанов за национален координатор за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот и Солза Грчева за национален координатор за реформи во високото образование.
ЦивилМедиа ги повика сите заинтересирани да учествуваат со коментар или порака во која ќе ги споделат своите размислувања по ова прашање.
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа