• Latest

А кој ќе одвои 5 минути да им објасни на родителите, наставниците и директорите дека нема „наши“ и „нивни“ деца (ученици)!?

September 13, 2024

24 ЧАСА: ДИК избра нови членови на ОИК; косовското собрание доби претседател по 58 обиди; Украина онеспособи 17% од нафтените капацитети на Русија; во тек е повикот на ЦИВИЛ за изборни набљудувачи

August 26, 2025

Лажна фотографија од Запорижја разобличена како руска пропаганда, дистрибуирана и локално

August 26, 2025
Фото: Скриншот

Европските зелени: Режимот на Вучиќ целосно влезе во автократски модел

August 26, 2025
Бердјанск, Украина

Украина го осуди незаконското вклучување на пристаништата Бердјанск и Мариупол во пописот на руски пристаништа

August 26, 2025
Илустрација: ВИ

Изборниот молк како гаранција за избирачкото право, што е што во изборен контекст

August 26, 2025
Скриншот од видеото на кое наводно се гледа како пламенот се издига од руската рафинерија Рјазан при напад со беспилотно летало во текот на ноќта на 26 јануари 2025 година. Андриј Коваленко / Телеграм

Украина онеспособила најмалку 17% од капацитетот на рафинериите за нафта во Русија

August 26, 2025

Албански блок 2025: Улогата на Тирана и Приштина – помош, влијание или напуштање на автономијата?

August 26, 2025
Фото: МИА архива

ВЛЕН до ОЈО поднесе пријава против Бујар Османи

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNBC

Маск тивко ги стопира плановите за нова политичка партија, додека се соочува со тужба за организирање нелегална изборна лотарија од 1 милион долари

August 26, 2025

Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

August 26, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

А кој ќе одвои 5 минути да им објасни на родителите, наставниците и директорите дека нема „наши“ и „нивни“ деца (ученици)!?

September 13, 2024 15:49
in ОБРАЗОВАНИЕ, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДЕХРАН МУРАТОВ

Пред почетокот на учебната година на социјалните мрежи стана вирална порака која гласеше од прилика вака: „Oдвоjте 5 минути на вашето дете да му објасните дека без разлика дали е висок, низок, дебел, слаб, црн или бел, поинаку облечен, не се помалку вредни, ниту поинакви. Научете ги да не исклучуваат никого затоа што се „различни“ итн…

Но, кој ќе одвои 5 минути да им објасни на родителите, наставниците, директорите дека нема „наши и нивни“ деца (ученици)?!

Пред некој ден една родителка се пожали дека во ОУ „Раде Кратовче“ во Кочани има дискриминација врз учениците Роми од страна на одредени наставници.

„На родителска една мајка истакна дека децата (Македонци) се отпишуваат од училиштето поради „циганските деца“. Наставничката (Анкица) секогаш ги става македонските дечиња напред, а ромските дечиња позади и ги учи родителите да ги префрлуваат децата во други училници, за да остане цел клас само со ромски ученици“, изјави Емилија Исаинова за Радио Кочани, а потоа и заромската политичка партија АВАЈА.

Директорот на училиштето Глигорчо Гацевски во изјава за Радио Кочани демантира дека училиштето се претвори во „ромско“, бидејќи бројот на нивните (мисли на учениците од ромска етничка припадност) е иста во споредба со другите учебни години, односно околу 180 деца, додека се намалува бројот на нашите ученици (мисли на учениците од македонска етничка припадност).

Директорот вели дека не прави разлика меѓу учениците, но се додека ги дели на „нивни“ и „наши“ ученици и тоа во неколку наврати, поделбата е повеќе од очигледна!

Не сакам да го коментирам делот кај што директорот вели: „има одлични ученици ѝ од Ромите“.

Да потсетиме на случајот на дискриминација на малата Алара Рустемова, во истото училиште за кое известуваше ЦИВИЛ Медиа во 2019 година: „Му рече на наставникот дека и се повраќа, тој и вели ‘ај не ми прави цигански работи’, и од тој ден ќерката се плаши, постојано плаче и не сака да оди во училиште“, изјави тогаш мајката Есма Рустемова.

Или на случајот од 2023 година на Алејна Исмаиловска која реши да носи марама, во основното училиште „Малина Попиванова“, Кочани. „Шамија може во џамија да носиш, а во училиште ти е забрането“, со овие зборови и се обратија класната раководителка, а подоцна и педагогот и психологот.

Директори, наставници, педагози, пслихолози, родители… оставете си ја омразата, национализмот и поделбите пред влезот на училишниот двор. Барем во училиште мора сите да се исти и еднакви!


Teкстот е личен став на Авторот. Извор: ЦивилМедиа

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ