• Latest

Девојче дискриминирано во училиште во Кочани: „Шамија во џамија, а не во училиште“

March 28, 2023
Кијив, 21-22 октомври 2026 (ДСНС)

Ракети врз Кијив, оштетени амбулантни возила: Рускиот „хуманизам“ во нов бран терор врз Украина

October 22, 2026

МПЦ-ОА испраќа официјална делегација во Москва, патувањето е координирано со државните институции

October 22, 2026

Седум тони марихуана што ја минаа границата со Србија останаа практично без ефективни обвиненија

October 22, 2026
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ

Девојче дискриминирано во училиште во Кочани: „Шамија во џамија, а не во училиште“

Од основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани, за ЦИВИЛ велат дека ученичката Алејна не била навредувана, ниту имала забрана за посетување на настава, ниту во училиштето има забрана за носење на марами од страна на ученичките.

March 28, 2023 13:58
in ВЕСТИ, МЕЃУЕТНИЧКИ ОДНОСИ, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

„Шамија може во џамија да носиш, а во училиште ти е забрането“, со овие зборови и се обратија класната раководителка, а подоцна и педагогот и психологот на шестооделенката Алејна Исмаиловска која реши да носи марама, во основното училиште „Малина Попиванова“, Кочани.

Таткот Енѓул Азизов, за ЦИВИЛ вели дека откако отиде во училиштето да побара објаснување зошто неговото девојче не смее да носи марама, која впрочем ја носи заради Рамазанскиот пост (само еден месец), беше брутално исфрлен од училиштето од педагогот со зборовите: „Излезете надвор и ако девојчето дојде утре со шамија во училиште нема да ја примиме. Ќе ми носите шамии тука… ова не е Скопје или Тетово“.

По заканите дека нема да и се дозволи на Алејна да посетува настава ако продолжи да носи марама, денеска во училиштето „Малина Попиванова“ во Кочани беа Заменик министерот за правда, Агим Нухиу и Државниот секретар во Министерството за правда, Мухамед Точи кои разговараа со директорот Благој Петров и донеле заклучок дека ученичката Алејна Исмаиловска ќе продолжи да ја следи наставата со шамија.

„Родителите кажале дека Алејна беше спречена да продолжи со настава заради шамијата во училиште во Кочани! Шамијата на една од нашите сестри не е презир, туку благодарност од секој што ќе реши да ја носи! Никој не може да биде над законот! Правда и достоинство за сите“, објави Нухиу на Фејсбук на македонски, албански и ромски јазик.

Од основното училиште „Малина Попиванова“ во Кочани, за ЦИВИЛ велат дека дека ученичката Алејна не била навредувана, ниту имала забрана за посетување на настава, ниту во училиштето има забрана за носење на марами од страна на ученичките.

Дехран Муратов

монтажа: Ариан Мехмети
видеата се преземени од Фејсбук профилот на Енѓул Азизов 

Tags: Агим НухиуАлејнаверска дискриминацијаКочаниМалина Попивановаучилиште
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ