Зголемување на цените кои ги плаќаат студентите при упис на УКИМ, листи за прием на студентите во студентски домови, условувања од страна на професорите да купат нивни книги за да добијат потпис за редовност, можност за полагање на испит, поени, ова се само дел од проблемите со кои се соочуваат студентите на почетокот нановата академска година. Денес, ЦивилМедиа следејќи ја темата, постави
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Со кои проблеми се соочуваат студентите на почетокот на академската година
Одговорете во коментари или, ако сакате да останете анонимни, испратете порака
Анонимност
Јасно е дека некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на Прашањето на денот да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Редакцијата ЦивилМедиа ги повикува сите засегнати да споделуваат и коментираат. Најдобрите одговори, вклучително и анонимните, ќе бидат објавени во посебен прилог.
Редакција ЦивилМедиа