• Latest
Војо Маневски

Засега ништо ново: Крајната цена ја гледаме во маркетите каде цените се превисоки за нашиот истенчен џеб

October 2, 2024
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
Избори во Молдавија, 2021 година (фото извор: OSCE Parliamentary Assembly from Copenhagen, Denmark, CC BY-SA 2.0, via Wikimedia Commons)

Молдавската проруска партија не ги признава резултатите од изборите и се заканува со протести

October 8, 2025
Фотографија: Скриншот од седница на ДИК

ДИК: Ќе се гласа само еднаш, гласањето е тајно, со важечка лична карта или пасош и биометриска идентификација

October 8, 2025

Меџити: Владата го раскина договорот за концесија за експлоатација на варовник во Скопско Страчинци

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Панче Тошковски

Тошковски до СДСМ: Папагалски повторувања и очај маскиран во политика – нема да поднесам оставка

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на DER STANDARD

Баварија ќе ѝ дозволи на полицијата да соборува неидентификувани дронови по инцидентот во Минхен

October 8, 2025

Почина поранешниот градоначалник на Кавадарци Панчо Минов, носител на независна листа за Локалните избори 2025

October 8, 2025

Фон дер Лајен: Европа се соочуваа со руска хибридна војна, но ние ќе го заштитиме секој квадратен сантиметар од својата територија

October 8, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Сопиште, Шуто Оризари, Бутел и Карпош; СДСМ во Долнени, Кривогаштани и Прилеп

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Засега ништо ново: Крајната цена ја гледаме во маркетите каде цените се превисоки за нашиот истенчен џеб

October 2, 2024 09:48
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски

Војо Маневски

Share on FacebookShare on Twitter

ВОЈО МАНЕВСКИ

Се зафаќаат ли демократските стандарди и на ова парче европско тло?

Кај нас во Штип има една изрека која вели: од топола свирка не се прави, се прави од врба, ама и тоа само во пролет. Вообичаено е во демократските земји да се остави сто дена новата влада да се екипира и да ги покаже контурите на новите политики кои ќе ги води.

Така би требало да е и кај нас, ама ние сме во постојана изборна кампања, така што тие сто дена се само нов циклус на политички судрувања кои продолжуваат да ги делат граѓаните по разни основи. Како во театар, кога за потребите на некоја сцена се пушта вештачки чад. Тогаш целосно не се гледа сцената, а богами ниту актерите не се слушаат добро.

За политиките кои оваа Влада ги започнува во овие сто дена ќе се пишува следниве неколку недели. Мој впечаток е дека го добиваат она што го правеа. Еден познат припадник на сега владеачката партија кога беше во опозиција изјави: „опозицијата има право да критикува сѐ, па дури и во таа критика да биде неумерена“. Истото тоа ниво на критикување сега го добиваат од сегашната опозиција. Што би рекол нашиот народ: „со твој камен, по твоја глава“.

Политиките на една влада се целина и тешко може да се анализира во сегменти затоа што неуспешноста на еден дел влијае врз другите делови. Сите заедно се одразуваат врз економијата и на крај врз стандардот на граѓаните. Затоа овој текст ќе го посветам токму на овој последниот дел. Сите знаеме дека без капитал, квалитетна работна сила и стабилен политички систем нема поголем раст на БДП. Ова што досега го имавме е само преживување или поточно трошење на наследените ресурси и дополнително задолжување на државата.

Засега квалитетен капитал сѐ уште нема, инвестициите во ново, но технолошки повисоко производство сѐ уште нема. Квалитетна работна сила има сѐ помалку и на дело е одлевање на најпродуктивното население. Поради ова имаме низок стандард, а тоа доведува до социјално незадоволство кое го користат политичарите за популистички кампањи кои не дозволуваат поголеми реформски зафати. Овој редослед и да го свртите наопаку сепак резултатот ќе биде ист. Незадоволителен квалитет на животот на граѓаните.

Што може да се очекува од една наша влада која на власт доаѓа со популистичка кампања. Судирање со реалноста која не ѝ дава можност да ги реализира целите што ги прокламира во кампањата. Затоа се продолжува со истата ПР стратегија за да се одржи довербата кај електоратот. Ова сѐ ви е јасно, нели почитувани читатели? За сѐ што од ветувањата не може да се оствари ќе биде виновна претходната власт.

Мене лично ми пречат изјавите од типот: „со напорна работа успеавме да обезбедиме средства за пензионерите или за плати на вработените во јавните претпријатија“. Како се обезбедуваат пари? Прво што го направи Владата е ребалансот на буџетот. Секоја влада има свои приоритети и за да ги реализира го изменува распоредот на средствата во буџетот. Кога се додава некаде мора тоа некаде да се скрати. Тоа кратење веќе се одразува врз доцнењето на повратот на ДДВ. Се разбира коморите веќе реагираат. Ветуваните покачувања на платите во образованието ќе почекаат нов буџет. Од ништо не се прави нешто колку и да е јака пропагандата.

Што сметам дека не го видовме во првите сто дена на Владата? Не ги видовме контурите на некоја нова економска политика. Што ќе се смени во даночната политика и дали освен познатиот рамен данок ќе има некои квалитетни измени? Ќе се зголеми ли даночниот опсег со даноци на делот кој еуфемистички го нарекуваме сива економија? Како тој дел ќе се стави во каналите на легалната економија? Како средствата што се изнесени по разни основи ќе можат да се вратат во домашната економија, а при тоа да бидат оданочени и станат легални? Или таквите пари не ни се нужни? Најавените помали стапки за даноци како ќе донесат поголема маса на средства во буџетот?

Под нови економски политики подразбирам и нови тежишта на домашно базично производство. Што ќе се прави со можноста за експлоатација на нови минерални суровини. Ќе имаме ли нова политика во рударењето или и натаму ќе останеме колонија за експлоатација? Нови енергетски политики се најавуваат, ама само се најавуваат без подлабока јавна дебата. Кои и какви капацитети во енергетиката ќе се градат? Во предизборието се напаѓаше секоја иницијатива за градење на енергетски капацитети зошто не биле сопственост на ЕСМ. Засега нема најава за Чебрен, Галишта или некој нов енергетски капацитет во државна сопственост. Зборувам за најава не за предложен проект. Не е оправдување запознавањето со состојбите и анализите што треба да се прават допрва. Сериозна опозициија има готови проекти пред да влезе во изборната трка и нивната реализација зависи од политиките што ќе ги води. За што служат бројните партиски комисии ако не за анализа и предлагање проекти. И политиката ни е во склад со нашето разбирање на економијата. Помалку ни е важно продуктивното и конкурентноста на производството од маркетингот. Без добри производи рекламата е како шарена хартија во која е замотан лош производ.

За овие сто дена требаше да се исцртаат контурите на новите политики во земјоделието. Субвенциите не ги дадоа посакуваните резултати ниту во поглед на квалитетот ниту квантитетот на производството на храна. Потребни се сет на мерки меѓу кои субвенциите се само помошна мерка. Засега нема јасни политики кои се очекуваат. Се разбира и овде ќе се бараат оправдувања во затекнатите состојби, ама тоа е позната приказна.

Малку појасни се состојбите во капиталните инвестиции посебно во инфраструктурата. Дали владините приоритети во изградбата на сообраќајните коридори ќе биде поефикасни ќе видиме. Овде барем имаме јасен став за дебата. Ќе се гради коридорот десет, а коридорот осум ќе оди на ревизија. Колку од овие проекти ќе произлезат геостратешки проблеми ќе видиме, ама секако ќе има влијание врз вкупната динамика и големината на инвестициите.

Економијата има проблеми со нивото на корупција која постојано го нагризува системот и го прави несигурен. Нема добри инвестиции во држави каде корупцијата е вграден трошок. Од инвестиции со коруптивен квалитет има само високи приходи за корумпираните и сомнителните инвеститори. Крајната цена ја гледаме во маркетите каде цените се превисоки за нашиот истенчен џеб.

Засега Владата има повик до обвинителите, судиите, стручната јавност да изнесат предлози за реформите во правосудството. Ова нека биде оправдување за досегашните сто дена на Владата за овој сектор. Јавноста чека резултати во наредниот период и сметам дека од овие резултати ќе зависи и рејтингот на Владата, но и економските текови. Според мене прв чекор ќе биде напуштањето на популистичката презентација на владините политики и враќање кон дебата за мерливи резултати.

Кој велеше „каменот од близу доаѓа“? Таа мисла да не се изгуби во измените на кривичниот закон? По стоте дена доаѓаат нови стотини.

Хик Родос, хик салта, господо министри!


Текстот е личен став на авторот
Print Friendly, PDF & Email
Tags: 100 дена владаекономска политикацени
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    146 shares
    Share 58 Tweet 37
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    109 shares
    Share 44 Tweet 27
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ