• Latest

Контраспин на изјавата на Мицкоски: Што мислат граѓаните за преговорите со ЕУ се проверува на референдум или во Собрание

October 2, 2024

Изборна хроника: Црна кампања, српски свет, пациенти и гласачи, мегапаркови наместо диви депонии

October 6, 2025
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Контраспин на изјавата на Мицкоски: Што мислат граѓаните за преговорите со ЕУ се проверува на референдум или во Собрание

October 2, 2024 11:59
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter
Премиерот Христијан Мицкоски ѝ соопшти на јавноста дека донел одлука под овие услови кои ги смета за диктат (внесување на Бугарите во Уставот, за земјата да почне преговори со ЕУ), земјата да каже „не благодарам“, нема да преговара. Притоа, како аргумент повеќе наведува дека одлуката е донесена и затоа што „го дели впечатокот со огромен број македонски граѓани дека не треба повеќе на сметка на национални отстапки, идентитетски отстапки без гаранции да прифаќаме услови“. Впечатокот се проверува на референдум или барем во Собрание, инаку е спин, кога врз основа на впечатоци се правдаат надворешно-политички одлуки од огромно значење

Како што пренесува Вистиномер, во изјавата на премиерот Христијан Мицкоски во врска со одлуката на ЕУ да ги раздвои Албанија и С. Македонија во преговарачкиот процес, може да се најдат елементи кои содржат спин:

Спин:…Ние сме единствениот случај во кој билатерални договори се услови во Преговарачка рамка. Жалам што претходната Влада егзибиционистички прифаќаше сè, мафташе со европско знаме додека го ограбуваше сопствениот народ. Гледаме дека состојбата е таква каква што и го делам впечатокот со огромен број македонски граѓани дека не треба повеќе на сметка на национални отстапки, идентитетски отстапки без гаранции да прифаќаме услови…

[Извор: МИА – Мицкоски/изјава; датум: 26.09.2024]

Контраспин: Премиерот Мицкоски во аргументите зошто донел одлука да не преговараме натаму со ЕУ, меѓу другото ги наведува и граѓаните, т.е. неговиот впечаток за граѓаните кои сметаат дека не треба да прифаќаме натамошни услови за сметка на национални отстапки, идентитетски, итн, што во суштина е спин, покрај неколкуте други што можат да се сретнат во подолгата изјава.

Сè до завршувањето на изборите, формирањето на Владата и патувањето во Брисел минатата недела, Мицкоски е сосема во право ако излезеше со ваква констатација. Затоа што, за изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ (Платформа 1198), гласаа околу половина милион избирачи, а во изборната програма во делот на ЕУ стоеше меѓу другото и вакво ветување:

Клучна стратегиска цел на идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ е Македонија да биде полноправна членка на Европската Унија….

Идната Влада силно ќе се залага за изнаоѓање на соодветно решение во прилог на реално придвижување на процесот на европска интеграција. Во насока на изнаоѓање на излезно решение по однос на прашањето за уставните измени, кое веќе е поставено како услов за почеток на преговорите со ЕУ, ВМРО-ДПМНЕ нуди легални и легитимни алтернативи во согласност со меѓународното право и принципи…

…Одложената примена на уставните измени претставува валидна алтернатива, која е целосно во согласност со досегашната практика на сите држави, кои пред самиот чин на нивно пристапување во полноправно членство вообичаено ги прават неопходните или условени уставни измени, или во таа фаза истите влегуваат во сила.(Платформа 1198, стр 152).

Дотука, е сè во ред. Мицкоски пред изборите ветил дека ќе се заложи за откочување на процесот за преговарање со ЕУ преку барање алтернативи, меѓу другото и со одложено дејство на уставните амандмани. Но, бидејќи во Платформата нема наведено што понатаму ако барањето алтернативни решенија не успее, а бидејќи во првата реченица е наведено дека клучна стратегиска цел на идната влада ќе биде земјата да стане полноправна членка на ЕУ, тука веќе престанува моментот на повикување на „огромното мнозинство“, во случајот гласачите што гласале за ВМРО-ДПМНЕ на последните избори или пак, впечатоци од анкети.

Патот за Брисел и фрустрацијата на народот

Премиерот минатата недела престојуваше во Брисел на состанок со Европска комисија, каде што главната цел на состанокот беше претставување на Планот за развој, односно планот на македонската влада за исполнување на критериумите за добивање поволни кредити и грантови од ЕУ за развој на Западен Балкан.

Запрашан пред да замине во Брисел, дали ќе побара менување на Преговарачаката рамка за пристапните преговори Мицкоски не коментираше, а на прашањето што ќе им каже на функционерите од ЕУ, Мицкоски рече дека, „доколку стане збор за евроинтегративниот процес“, ќе им ја пренесе фрустрацијата на македонскиот народ и граѓаните од долгиот процес на пристапување и понижувачките услови што притоа земјата и народот ги трпеле (Канал 5/Јутјуб,18.09.2024).

Немаше изјави по средбите околу тоа дали Мицкоски зборувал за барањето за одложено дејство на уставните амандмани за внесување на Бугарите во Уставот, како услов за преговори. Немаше ни вести, ниту изјави за тоа што му одговориле евентуално оттаму. Ниту имаше вести или изјави дека ќе биде донесена одлука, нецели десет дена оттогаш, Албанија да се оддели од С. Македонија во преговарачкиот процес. Сега кога беше запрашан за тоа, Мицкоски вели дека знаел, му најавиле и таму во Брисел.

Недостасуваат формални одлуки и процедура

Не само што знаел и му најавиле, туку и таму им рекол – дајте да разговараме, не со диктати, ние сакаме во ЕУ и подготвени сме да разговараме. И доколку од оваа преговарачка рамка и од оваа ситуација нема отстапување, ја смета за диктат и во тој случај: Не благодарам. („За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш тоа го кажав и во Брисел – не благодарам, тоа не се европските вредности во кои мојата генерација се вљуби…“).

Според ова, Мицкоски, всушност им соопштил на ЕУ дека С. Македонија нема намера да ги продолжи напорите за откочување на преговорите (нема да менуваме Устав), доколку ЕУ не отстапи од условот прво менување на Уставот, па потоа преговори.

Станува збор за клучна одлука во надворешно-политичките односи на С. Македонија, за која секако треба да се следи и одредена процедура. Да се предложи од, да речеме МНР, па да се расправа во потесен круг на високи функционери во Владата, се разбира претставени и од коалициските партнери, па да се направи консултација и со претседателката на државата, па да се стави на дневен ред на седница на Влада и да се донесе соодветна одлука. Потоа, освен тоа што за одлуката ќе се информира ЕУ, информација за таквата одлука да се достави и до Собранието, па во најмала рака Собранието да ја провери волјата на огромното мнозинство на тој начин што ќе ја прифати, ќе ја отфрли или нема да преземе ништо, итн.

Ова е така затоа што и прифаќањето на сегашната Преговарачка рамка одеше со одлука на државниот врв и на тогашната влада, а потоа за истата беше доставена информација од Собранието кое расправаше во јули 2022 година и со мнозинство гласови беше усвоена, при што на тогашната влада ѝ беа дадени и одредени насоки преку усвоени заклучоци.

Во овој случај немаме ништо од таа процедура или барем јавноста не е информирана дека на некое тело е донесена одлука за да ѝ се каже на ЕУ: под овие услови НЕ благодарам.

Патем, за да се донесе таква крупна политичка одлука за надворешната политика на државата, што, сè разбира, е легитимна одлука на Владата, убаво е да се провери и уште еднаш меѓу граѓаните, при што најмалку во Собранието (пратениците ги претставуваат граѓаните), а уште подемократско средство е и на референдум.

Бидејќи тоа го нема во овој случај, а ако еден од главните аргументи е и „впечатокот за огромниот број македонските граѓани“, таквиот аргумент во исказот е спин.

***

Се разбира дека процесот на европската интеграција на македонската држава е преполн со разочарувања, понижувања, двојни стандарди, итн, но клучната стратегиска насока (членство во ЕУ), е преточена во 2022 година во одлука да се прифати Преговарачката рамка, која предвидува и промена на Уставот како услов. Еве и да била „најпогрешна на светот“, без консултација со опозицијата и народот, Владата има право да донесе одлука да не ја почитува или да бара да се смени таквата одлука, но треба да се почитува одредена процедура, која ќе кореспондира и со стратешката насока (членство во ЕУ), или пак, и таа ќе биде преиспитувана (?). Без тоа, дел од аргументите се спинови. Таков е и овој за „впечатокот на народот“, таков е и за билатерализацијата на рамката (бидејќи Членот 5 произлегува од Процесот за стабилизација и асоцијација на Западен Балкан) и бидејќи, да речеме, и Србија има такви услови, потоа барањето гаранции, како и немањето одговор за тоа зошто го почитуваме едниот Договор, оној со Грција, а не го сакаме овој вториот со Бугарија (зарем ќе ги степенуваме од аспект на понижување условите во двата?), итн.

Пишува: Теофил Блажевски / Вистиномер

Подготви: М. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: преговори со ЕУраздвојување на Албанија и МакедонијаХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ