• Latest
Фото: Wikimedia commons

24 ЧАСА: Северна Македонија стана членка на Советот за човекови права на ОН; замрзнувањето на маржите не носи резултати е ставот на министерката за финансии; за Ципрас, ако ЕУ доживее неуспех на Балканот, последиците ќе бидат многу опасни

October 10, 2024
Фото: Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Француската влада ризикува колапс со гласање за доверба на буџетот во септември

August 26, 2025

Дитмире Шеху поднесе тужба до Управен суд против одлуката на ДИК за намалувањето на бројот на советници

August 26, 2025
Фото: шефот на канцеларијата на Навроцки, Збигњев Богуцки/ Х

Ветото на полскиот претседател не го загрозува пристапот на Украина до Старлинк, тврди канцеларијата на Навроцки

August 26, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Австралија го протера иранскиот амбасадор откако разузнавачката агенција откри дека Иран стои зад антисемитските напади на нејзина територија

August 26, 2025

Во тек е повикот на ЦИВИЛ за краткорочни или долгорочни изборни набљудувачи

August 26, 2025
Фото: СКриншот од видео на ВВС

Израелските семејства на заложниците во Газа ги блокираат главните патишта за време на протестите во градовите низ Израел

August 26, 2025
Фото: Wikipedia/federalreserve.gov

Трамп нареди разрешување на гувернерката на Федералните резерви, Лиса Кук – голема ескалација во неговата битка против американската централна банка

August 26, 2025

24 ЧАСА: Притвор за напаѓачот по инцидентот во Штип; јавна осуда од клубовите и ФФМ; Гаши потврди – на избори со стар Изборен законик; четири новинари загинаа во израелските напади на Газа

August 25, 2025
Фото: Wikimedia commons

Осум дена притвор за 43 годишниот родител кој нападна двајца 15 годишни фудбалери на штипска „Брегалница“

August 25, 2025
Илустрација: ВИ

Каде завршува информирањето, а каде почнува пропагандата, што е што во изборен контекст

August 25, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Северна Македонија стана членка на Советот за човекови права на ОН; замрзнувањето на маржите не носи резултати е ставот на министерката за финансии; за Ципрас, ако ЕУ доживее неуспех на Балканот, последиците ќе бидат многу опасни

October 10, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Фото: Wikimedia commons

Фото: Wikimedia commons

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Република Северна Македонија стана членка на Советот за човекови права на Обединетите нации

Со 168 гласа „за“, Република Северна Македонија денеска стана нова членка на Советот за човекови права на Обединетите Нации за периодот 2025-2027, на изборот што се одржаа во Генералното собрание на ОН во Њујорк, соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија (МНРиНТ).

Република Северна Македонија по вторпат е избрана за членка на Советот за човекови права на ОН, откако претходно членуваше во периодот 2014-2016.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Димитриеска Кочовска: Замрзнувањето на маржите не носи резултат

„Јас ова веќе го коментирав и го имам исто така изјавено и транспарентно, никогаш не можам да се согласам со таква мерка замрзнување на цени, маржи затоа што се комплетно сложени методологии за пресметка и сметам дека во државните институции нема доволно капацитет којшто може точно да ги пресмета тие маржи и да потврди дека тоа е така. Но, независно од сето тоа, јас и моето размислување го кажав на Владата, на крај ставот на Владата е тој којшто оди како заедничка одлука и ставот на Владата беше дека ќе се продолжи со замрзнување на трговските маржи“, изјави минстерката за финансии  Гордана Димитриеска Кочовска.

РЕГИОН

Ципрас: Многу сериозни и опасни ќе бидат последиците ако ЕУ доживее неуспех на Балканот

Ако ЕУ доживее неуспех на Балканот, последиците за сопствената стабилност и безбедност ќе бидат многу сериозни и многу опасни, порача поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, говорејќи како претседавач на Комитетот на Парламентарното собрание на Советот на Европа за Западен Балкан за време на денешниот состанок во Белград. Ципрас ја отвори работата на Комитетот заедно со претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ и се осврна на европската перспектива на Западен Балкан и проширувањето на Унијата.

СВЕТ

Ураганот „Милтон“ однесе најмалку две жртви и уништи повеќе домови

Најмалку две лица загинаа во округот Сент Луси на брегот на Атлантикот на Флорида од ураганот Милтон. На Флорида повеќе од два милиони луѓе останаа без струја поради ураганот. Канцелариите на Националната метеоролошка служба на Флорида издадоа повеќе од 130 предупредувања за торнадо од синоќа.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Со укинување на „балансерот“ одиме чекор напред или се враќаме чекор назад?

Подготви: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Одбележан Денот на независноста на Украина во Скопје: Мирот е единствена опција

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Тој ќе изгуби – светот ќе биде слободен

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ