• Latest

Стано за смртта на украинската новинарка Викторија Рошчина во руски затвор: Не може да има неказнивост за злоставување на новинарите

October 11, 2024
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026

Слободата е нашата религија: Ивана Климпуш-Цинцадзе, украинска пратеничка

August 15, 2026

На Путин му се допаѓа неговата најлоша опција во Украина

August 15, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Народот не ја сака ЕУ, народот сака некој друг да му ја плати скарата

August 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Стано за смртта на украинската новинарка Викторија Рошчина во руски затвор: Не може да има неказнивост за злоставување на новинарите

October 11, 2024 14:34
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, МЕДИУМИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската Унија постојано повторува дека остро ги осудува убиствата, физичките напади, произолни те притворања и која било друга форма на заплашување или малтретирање со кои се соочуваат новинарите, особено во време на конфликти, додека ги вршат своите професионални обврски, изјави денеска портпаролот на Европската комисија за надворешни работи и безбедносна политика Петер Стано во врска со информациите за смртта на украинската новинарка Викторија Рошчина во руски затвор.

– Европската Унија сочувствува, пред се со украинскиот народ, но и со новинарите. Ние сме згрозени од извештаите за смртта на украинската хонорарна новинарка Викторија Рошчина, додека беше незаконски произволно притворена од страна на руските власти. Нашите мисли се со нејзиното семејство, нејзините пријатели и со нејзините колеги, истакна Стано.

Тој потенцира дека позицијата на Европската Унија е дека не може да има неказнивост за кршење на човековите права и злоставување на новинарите.

Запрашан што може да направи ЕУ за политичките и другите затвореници во руските затвори, Стано нагласи дека Русија се уште е членка на Обединетите нации и постојана членка на Советот за безбедност на ОН, така што е обврзана со меѓународното право и Женевската конвенција, но и со сопствениот Устав, да гарантира одредени права за лицата во затворите и да се грижи за нивната благосостојба и физичка безбедност.

– Русија има должност да ги почитува овие обврски, кои ги прифати доброволно, но гледаме дека не го прави тоа. Затоа треба да ја мобилизираме меѓународната заедница за осуда на кршењето на меѓународното право, на Повелбата на ОН и на сите други прекршувања што ги прави рускиот режим, рече Стано.

Според него, потребно е засилување и продолжување на меѓународниот притисок врз руските власти за да ги прекинат овие незаконски практики и да стават крај на постојано прекршување на меѓународното право, меѓународното хуманитарно право и на Повелбата на ОН.

Украинските власти вечера соопштија дека новинарката Викторија Рошчина, која исчезнала на територијата на Украина окупирана од страна на Русија, починала во руско заробеништво.

Фото: Икс/Скриншот

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ