• Latest
Тim Мossholder /Unsplash

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ против да се дадат пари за Академија на Албанците; цената на парното нема да се зголеми; пристигнаа првите емигранти во Албанија

October 16, 2024
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ против да се дадат пари за Академија на Албанците; цената на парното нема да се зголеми; пристигнаа првите емигранти во Албанија

Издание број 1909

October 16, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Тim Мossholder /Unsplash

Тim Мossholder /Unsplash

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Општините раководени од ВЛЕН ќе ја финансираат албанската Академија за наука и уметност, СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ се против

Градоначалниците на четири општини, кои се дел од Коалицијата „Вреди“ вчера во Тетово одржаа нова средба со професори од Здружението на граѓани Албанска академија на науките и уметност со цел, како што велат, да се динамизира институционализацијата на оваа организација. На средбата беа градоначалниците на Тетово, Гостивар, Желино и Чаир.

СДСМ нема да поддржи никаков паралелизам во институциите. Науката не смее да се етнизира на ниеден начин и во ниеден случај. За СДСМ и за мене како претседател ова е тенденциозна политичка порака која им служи единствено на намерите за поттикнување на поделби кои носат огромна штета за граѓаните и општеството“, вели Филипче.

Постои една Академија на науките и уметностите и тоа е став на ВМРО-ДПМНЕ, Владата и на академиците од различни етнички заедници, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Како ДУИ не се согласуваме со овој принцип на функционирање. Албанската академија пропагирана како национално ниво стана една невладина организација и ние не сме дел од такви проекти. Во оние општини каде функционираат партиите на Вреди сме опозиција, не сме дел од владејачкото мнозинство, изјави денеска Фатон Ахмети од ДУИ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Бислимоски: Цената на парното ќе биде стабилна, не очекувам никакви промени

Сега ние во пресметките сме влезени со цена на природниот гас од околу 40-ина евра за мегават час, ако отиде екстремно високо тогаш може да разговараме за зголемување на цената на парното, но, не верувам дека ќе имаме такви драстични промени, така што за цената на парното не очекувам никакви промени, изјави Бислимоски на паузата на состанокот на Експертската мисија TAIEX за транспонирање на законодавството на ЕУ за електрична енергија чиј коорганизатор е РКЕ.

РЕГИОН

Брод од Италија со 16 емигранти од Африка пристигна во пристаништето во Шенѓин

Брод од Италија со 16 емигранти од афрички земји се закотви во пристаништето во Шенѓин, Албанија, што претставува прва група на емигранти која албанските власти прифатиле да ги сместат. На бродот Либра, кој потекнува од пристаништето Лампедуза, Италија, се вели дека има 10 емигранти од Бангладеш и шест од Египет, кои биле спасени на море по заминувањето од Либија.

СВЕТ

Зеленски го претстави „планот за победа“ во украинскиот Парламент

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Врховната рада го претстави „планот за победа“, кој се состои од пет клучни точки, пренесува Киев Индипендент, пренесува МИА.

Како прва точка е членство во НАТО, следува одбраната, па одвраќање на руската агресија, економски раст и соработка и последната е повоена безбедносна архитектура.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за иницијативата за формирање албанска Академија на науките и уметностите?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Реториката на Мицкоски не е само политички став – тоа е опасна игра која ризикува да ја повлече Северна Македонија од нејзиното вистинско место во евроатлантската заедница. Неговите антизападни наративи, обвиткани во многуслојна кампања за јакнење на националистичките сентименти и тврдења засновани на лаги и антизападни наративи, се идентични на тактиките што ги користат авторитарните режими во регионот и низ Европа. Доколку не се разобличи, овој пристап ќе ја фрли земјата во изолација, ќе ги уништи придобивките од демократските процеси и сериозно ќе ја загрози стабилноста што ја гарантираат сојузите на демократскиот Запад“, пишува Џабир Дерала во колумната „НЕ во ЕУ: Исполнување на ултрадесничарската агенда“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ