• Latest

24 ЧАСА: АНБ со нов директор, Бојан Христовски; Пивоваров на став дека со АНБ треба да раководи човек на државата, а не на партијата; почитувањето на Преспанскиот договор неопходен за Северна Македонија на пат кон ЕУ

October 17, 2024

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: АНБ со нов директор, Бојан Христовски; Пивоваров на став дека со АНБ треба да раководи човек на државата, а не на партијата; почитувањето на Преспанскиот договор неопходен за Северна Македонија на пат кон ЕУ

1910

October 17, 2024 17:00
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ТЕМА НА ДЕНОТ

Владата го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност

Владата на Христијан Мицкоски го назначи Бојан Христовски за нов директор на Агенцијата за национална безбедност (АНБ). Тоа предизвика реакции во дел од јавноста и медиумите, затоа што Христовски извршувал партиски функции во ВМРО-ДПМНЕ, а тоа е во спротивност со стандардите на оваа институција важна за безбедноста на државата.

Според Законот за АНБ, член на политичка партија нема право да биде директор на Агенцијата, а Христовски до неодамна извршуваше конкретна партиска функција – претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ за Скопје. Исто така, во неговата биографија е и функцијата директор на Јавното претпријатие „Градски паркинг“ до септември 2022 година, кога поднесе оставка по конфликтот на актуелната градоначалничка на Скопје, Данела Арсовска, со Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ѝ помогна да седне на градоначалничкото столче.

СДСМ се противи на оваа, како што велат, политизација на безбедносните служби и бараат Христовски да биде разрешен и да биде назначен нов директор на АНБ. СДСМ ќе ги извести стратешките партнери, земјите членки на НАТО преку нивните амбасасади и Европската комисија.

Според СДСМ, со поставувањето на лице кое само до 2023 година беше претседател на Градскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, оваа партија директно го прекршува член 10 од Законот за АНБ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Проф. Пивоваров за ЦИВИЛ: Со Агенцијата за национална безбедност треба да раководи човек на државата – a не човек на партијата

„Меѓутоа, кај нас, за жал, 33 години се поставуваат партиски послушници на челните позиции и потоа ни се случуваат несакани работи како, на пример, масовното прислушкување во времето на Сашо Мијалков или Љубе Бошкоски. Со АНБ треба да раководи лице кое поседува интегритет и да си ја знеа работата. Тоа ти е како да ми дадете мене Ролс Ројс да возам, а јас не знам ниту Фичо да управувам. Кај нас треба да се почитуваат Уставот и законите, ни помалку ни повеќе. Меѓутоа, кај нас сè се сведува на тоа ‘стави го – наш човек е’“, изјави проф. Владимир Пивоваров за ЦивилМедиа.

РЕГИОН

Маринакис: Патот на Северна Македонија кон Европа поминува преку Грција и почитувањето на Договорот од Преспа

Патот на Северна Македонија кон Европа поминува преку Грција и почитувањето на Договорот од Преспа… Почитувањето (на Договорот од Преспа) е неопходен предуслов на овој пат, за ова не се разговара, ниту пак ќе се промени нешто во оваа констатација и позиција, која е и нашата национална позиција., рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот брифинг со новинарите одржан во Солун.

СВЕТ

Еј-Би-Си Њуз: Нетанјаху одобри цели за одмазднички напад врз Иран, се чека конечна одлука

Израелски официјални лица потврдија дека премиерот на земјата Бенјамин Нетанјаху ги одобрил сите цели за планираниот израелски одмазднички напад врз Иран. Според изворот, Израел планира да одговори на нападот од Иран од 1 октомври, кога кон Израел беа испукани повеќе од 200 проектили.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: На што се должи се поголемиот број на жртви во сообраќајот?

Подготви: Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ