• Latest

24 ЧАСА: План за раст на ЕУ – Муртезани ќе дели црвени картони ако не се спроведуваат реформите; заканите кон новинарите ја поткопуваат демократијата; БиХ добива 20 милиони евра од ЕУ за санација на поплавените подрачја

October 25, 2024

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
Фото: Скриншот Х на „Патриотско друштво“

По победа на Албанија врз Србија, навреди во Тетово и политички тензии: ЦИВИЛ со осуда – омразата не смее да гласа на избори

October 14, 2025

Вкупно 1.341 домашен и меѓународен набљудувач ќе ги следат локалните избори, ДИК почна да го доставува изборниот материјал

October 14, 2025

Северна Македонија добива Национален центар за вештачка интелигенција „ВЕЗИЛКА“, прва цел градење на македонски јазичен модел

October 14, 2025

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: План за раст на ЕУ – Муртезани ќе дели црвени картони ако не се спроведуваат реформите; заканите кон новинарите ја поткопуваат демократијата; БиХ добива 20 милиони евра од ЕУ за санација на поплавените подрачја

October 25, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Муртезани ќе дели зелен, жолт и црвен картон на министерствата за спроведување на Реформската агенда

Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани денеска одржа брифинг со новинари, на кој ја презентираше Реформската агенда на Северна Македонија во период од 2024-2027 година, која вчера беше и официјално одобрена од страна на Европската комисија.

Реформската агенда е дел од Планот за раст на Западен Балкан од 6 милијарди евра, од кои земјава треба да добие 750 милиони евра, додека првата транша во износ од 52,5 милиони евра се очекува да стигне до крајот на годинава.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Заканите и заплашувањата насочени кон медиумите ја поткопуваат демократијата, слободата на говорот и слободата на информирање. Безбедноста на медиумските работници е клучна за постоење на независни и професионални медиуми, кои се еден од главните стожери на демократските процеси и кои придонесуваат за унапредување на слободата на изразување“, велат од АВМУ, кои најостро го осудуваат чинот на опожарување на возилото на сопственикот на регионалната телевизија М-Нет, од Штип, Благој Серсемов, од страна на непознати сторители во дворот на неговата семејна куќа.

РЕГИОН

БиХ добива 20 милиони евра од ЕУ за санација на поплавените подрачја

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изјави денеска во Сараево дека Босна и Херцеговина добила 20 милиони евра интервентни средства за санација на штетите во поплавените региони во Федерацијата БиХ.

СВЕТ

Шолц: Украина не може да влезе во НАТО се додека е во воена состојба

Германскиот канцелар Олаф Шолц изјави дека во моментов не постои можност Украина да биде поканета во НАТО бидејќи, како што наведе, земја во воена состојба не може да стане членка на Алијансата.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за пречекот на Фон дер Лајен пред 2 години и сега?

СЛОБОДНА ЗОНА

„И сега, Мицкоски одеднаш треба да се откурчува, и при приемот на Фон фер Лајен, и во Брисел, и во Берлин, а неговите пратеници од разгоропадени дувачи во вувузели, одеднаш станаа мачиња. Исчезна и толпата од пред Собрание. Штама и кај вмровските ботови на социјалните мрежи.

Мицковски, по „курчењето“ додека беше опозиционер, сега, откако стана најистурениот претставник на државата, ја соблече маичката со испечатено „НЕ“, влезе во костум, стави вратоврска и почна да се откурчува. Изглед сфати дека ние сме мала земја, а и пари немаме“, пишува Драган Мишев во колумната „Курчење и откурчување“.

*

Не сум сигурен дека држи вода ставот дека гласачкото тело е доведено во заблуда. Таква мисла може да се слушне секогаш во разговорите на обичните граѓани. Почитувани сограѓани, ако не ни се слушаат мудрите мисли на филозофите барем имаме наше искуство за овие триесет и кусур години. Не се само политичарите криви што ние како граѓани сакаме да ни го кажат тоа што сакаме да го слушнеме. И со тоа ја избегнуваме одговорноста за нашиот избор, пишува Војо Маневски во колумната „Сила на состојбата“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ