• Latest
Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук на Бојан Христовски (30 април 2024)

Стигна потврда од Бугарија, сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ е лажен, дали министерот Тошковски ќе му поднесе кривична пријава?

October 26, 2024

Левица загуби во суд против АВМУ за тужбата за платено политичко рекламирање

October 8, 2025

Ѓорѓиевски ветува нов стадион и културен дом за Шуто Оризари; Митески носи соларна револуција во Аеродром; Касами вели дека по 20 години, Тетово конечно добива ново училиште; Меџити стартува кампус од 40 милиони евра во Чаир

October 8, 2025

Најстрога казна од три години затвор добија тројца обвинети за создавање диви депонии во Вардариште

October 8, 2025

Отворена онлајн база за евиденција на случаи на насилство во Србија

October 8, 2025

Уапсена жената на Зекирија Шахини – советникот на ДУИ во кој вчера беше пукано во Куманово

October 8, 2025
Фото: Фејсбук Христијан Мицкоски

Од цврсто НЕ за предвремени, до можност за избори по локалните – најави Мицкоски

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
Insight 360 News USA

Најмалку 24 лица загинаа откако хунтата изврши бомбардирање со параглајдер на будистички фестивал во Мјанмар

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на
TODAY

Зетот на Трамп и специјалниот пратеник Виткоф се приклучија на мировните преговори за Газа во Египет

October 8, 2025
Фото: Скриншот од видео на 24 Канал

Проукраинските партизани предизвикаа излетување од шините на возот со воен товар во руската Ленинградска област

October 8, 2025
Слика од израелското министерство за надворешни работи ги прикажува активистите за помош на Коалицијата „Флотила на слободата“ откако нивниот брод беше качен од израелската војска. Фото: Израелско министерство за надворешни работи/X

Израелските сили пресретнаа нова флотила со помош за Газа

October 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Стигна потврда од Бугарија, сертификатот за англиски јазик на директорот на АНБ е лажен, дали министерот Тошковски ќе му поднесе кривична пријава?

October 26, 2024 19:47
in ВЕСТИ, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПОЛИТИКА
Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук на Бојан Христовски (30 април 2024)

Новиот директор на АНБ, Бојан Христовски со премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски / Фото: Фејсбук на Бојан Христовски (30 април 2024)

Share on FacebookShare on Twitter

Она што веќе подолго време, поточно од самото назначување на блискиот пријател на премиерот на Северна Македонија, Христијан Мицкоски и претседател на комитетот за Скопје на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Христовски, за нов директор на контраразузнавачката служба АНБ, на 16.10.2024 година, кружат сомнежи околу исполнување на потребните законски услови и документи за да ја заземе оваа важна функција, меѓу кои и едно од најгорливите прашања: дали новиот директор на македонските тајни служби можеби презентирал лажен сертификат за англиски јазик.

Сега, кога проблемот е интернационализиран, и во истрагата се вклучија и бугарските медиуми, кои само го потврдија она што се шпекулираше, а претставниците на ВМРО ДПМНЕ и провладините медиуми се обидоа да го преќутат, новиот директор на АНБ – лажел!

Откако во интервју за македонскиот медиум „360 Степени“ на 24 октомври годинава, Бојан Христовски изјави дека полагал во Пловдив затоа што тоа бил најбрзиот начин да се добие меѓународно признат сертификат за познавање англиски јазик по системот TOEFL iBT,  дополнувајќи дека само таму имало можност за полагање, Faktor.bg изврши проверка за да утврди дали навистина постои такво јазично училиште во Пловдив, а исто така и дали издава меѓународно признат сертификат TOEFL iBT.

Од официјално објавената биографија на Бојан Христовски, јасно се гледа дека тој се стекнал со сертификат за познавање англиски јазик според системот TOEFL Ibt. Забележано е и дека тој го положил испитот со 75 поени на 26.03.2022 година во Јазичното училиште Julia Co.LTD, Пловдив, Бугарија.

Според истражувањето на бугарски фактор, се покажа дека на посочените адреси во Пловдив нема такво јазично училиште. Порано таму била сместена компанијата Julia Co.LTD, но сега канцеларијата е затворена, работи онлајн. Во телефонски разговор со новинарот на Фактор, госпоѓата која одговорила на бројот објавен во брошурата посочила дека компанијата не издава сертификати за ТОЕФЛ и не врши обука за добивање на таков сертификат. Жената не се сеќава дека пред извесно време дури спроведувале обука на овој систем.

Дополнително, проверката на Интернет покажала дека нема официјална веб-страница или друга реклама на Јазичното училиште Julia Co.LTD како што тврди Христовски. Пронајдена е само Фејсбук страница на консултантска куќа со слично име, која се занимава со посредување при работа во странство, подготовка на документи, преводи и легализација, но во огласениот флаер на компанијата никаде не се споменува дека обезбедува обука и курсеви за странски јазици, како и подготовка или спроведување на тестови за ТОЕФЛ.

Според проверка на Faktor.bg, во Пловдив нема сертифициран центар за полагање и издавање меѓународно признат сертификат за TOEFL, а освен тоа, во градот и во списокот на образовни нема училиште со име Language School Julia Co.LTD. институции во Бугарија.

Од овие проверки недвосмислено е јасно дека шефот на македонското контраразузнавање приложил лажен документ со неточна содржина за да стане директор на АНБ, а претходно со таков документ се легитимирал на факултетот за безбедност.

Бојан Христовски веројатно не само што нема меѓународно признат сертификат за познавање англиски за да биде директор, туку сторил и кривично дело според Кривичниот законик на Северна Македонија. Во сличен случајот со друг македонски граѓанин , на 26.04.2024 година, полицијата од Велес поднела кривична пријава против лицето М.В. од Велес за сторено кривично дело – „употреба на исправа со невистинита содржина“. Лицето наводно се стекнало со меѓународно признат сертификат за познавање на англискиот јазик, исто така издаден од јазично училиште во Пловдив, Бугарија“, од каде документ приложи и сегашниот директор на АНБ.

Дали МВР и министерот Тошковски ќе останат доследни, и за исто дело ќе му поднесат кривична пријава и на сопартиецот на министерот?

Случајот со Христовски покренува и еден куп други прашања: Не е јасно зошто директорот на АНБ решил да добие меѓународен сертификат за англиски јазик токму од Бугарија, бидејќи вакви сертифицирани центри функционираат во Северна Македонија – во Скопје, Тетово, а порано и во Битола?

Аферата со сомнителната диплома за англиски јазик на Бојан Христовски е удар не само за авторитетот на службата АБН, туку и за авторитетот на владата во Северна Македонија и за премиерот Христијан Мицкоски, лидер на ВМРО-ДПМНЕ. Познато е дека Христовски е исклучително близок со Мицкоски, кој долго време се позиционираше како еден од најголемите противници на Бугарија и на Договорот за добрососедство, пријателство и соработка. Мицкоски и ДПМНЕ сè уште одбиваат да ги вклучат Бугарите во Уставот и го блокираат евроинтегративниот процес на Северна Македонија. Во исто време постојано излегуваат скандалозни факти за најблиските до премиерот, дека со години имаат бугарско државјанство, фирми и бизнисите во Бугарија, сега  надополнети со лажни дипломи, со кои високи владини функционери го легитимираат своето присуство на власт.

Предходно, по анонимна пријава, Државната комисија за спречување корупција отвори предмет за именувањето на Бојан Христовски за директор на Агенцијата за национална безбедност, во која се изразуваат сомневања во исполнувањето на  условите за тој да биде именуван како директор на АНБ.

Наводите во анонимната пријава се однесуваат на неисполнување на услови за именување на директор. Конкретно во делот на образование, стекнување со безбедносен сертификат, како и припадност на политичка партија. Тоа се наводите во оваа анонимна пријава.

По двете прашања, и во Владата, и во врвот на ВМРО-ДПМНЕ владее молк.

Драган Мишев

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АНББојан Христовскилажна дипломаХристијан Мицкоски
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    153 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    147 shares
    Share 59 Tweet 37
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украина ги прекинува дипломатските односи со Никарагва

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ