• Latest

„Поправање“ на колективната меморија низ призмата на уметноста

February 14, 2017
Прес конференција на СДСМ пред Уставен суд, 16 декември 2025

Уставниот суд ја отфрли иницијативата за Резолуцијата за миграцијата – СДСМ ја поврза одлуката со најавите за странски работници

October 22, 2026

ЗАТРУПАНО СУДСТВО: Судовите завршиле 540 илјади предмети, но над 134 илјади останале нерешени

October 22, 2026

АИ откри сериозни безбедносни пропусти, веб-страници ширум светот привремено исклучени

October 22, 2026
Протести во Грција, 21 октомври 2026(Фото: Скриншот од видео на АП)

Протести во Грција: Илјадници студенти и наставници на улица за подобри училишта, поевтино студентско домување и повисоки плати

October 22, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Истата работа боли на дваесет јазици

October 22, 2026
MK: Полициски палки врз новинари, Данска, октомври 2026 година (Фото: скриншот од видео на TRT)

Полициско насилство врз новинари во Копенхаген – бурни реакции

October 22, 2026

Нови проблеми за семејните буџети: МЕПСО бара 98% поскапа тарифа за струја, парното пред нова корекција

October 21, 2026

Пробиви, нови ризици и битка за довербата во вештачката интелигенција – есенска технолошка офанзива

October 21, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Франција во фокусот на европскиот протестен бран: Владата најавува ангажирање војска

October 21, 2026
Фото: НАТО

НАТО го засилува надзорот над Црното Море по нападите врз трговски бродови

October 21, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Поправање“ на колективната меморија низ призмата на уметноста

February 14, 2017 12:37
in КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

„Национализми, споменици и идентитет на културата: наследства на модернизмите во современиот момент и начини на отпор“,  е насловот на предавањето на кураторката Линеа Вест, кое ќе се одржи на 15-ти февруари во 19:30 во ГЕМ клубот.

Вест ја координира глобалната истражувачка програма „Современи и модерни уметнички перспективи“ (C-MAP) на Музејот на модерна уметност- МОМА во Њујорк. Таа е исто така уредник на Post, веб-страницата на музејот која е посветена на уметноста и историјата на модернизмот во глобален контекст

Првиот дел од предавањето се однесува на нејзиното истражување на национализмот и постсоцијалистичките споменици. низ призмата на историјата на уметноста. Спомениците се користеле/користат за да се формира национален идентитет, преку поправањето на колективната меморија во долгорочна културна меморија.
Примерите како паркот „Мементо“ во Будимпешта и програмското шоу „Скопје 2014“ покажуваат како проектите, на различни начини, реагираат на модернистичките наследства и ја злупотребуваат фомата на споменик. Вест во овој случај се прашува дали местата ненамерно имаат ехо од естетиката на социјалниот реализам и дали тие прават разлика меѓу вистинската и лажна меморија?
Вториот дел од предавањето ќе разгледува како уметничките заедници во Њујорк и Будимпешта се организирале за отпор кон десничарскиот авторитарен национализам. со стратегии кои ја истакнуваат граѓанската активност и протест. Предавањето ќе биде одржано на англиски јазик.

Предавањето на Линеа Вест е дел од серијата настани кои се поврзуваат со наградата ДЕНЕС, награда која се доделува секоја втора година на млад визуелен уметник на возраст до 35 години во Македонија. Оваа награда во Македонија е организирана од Центарот за современи уметности – Скопје уште од 2002 година, а во 2015 година како партнер-организација се вклучува и организацијата ФРУ – Факултет за работи што не се учат од Битола/Скопје која е организатор на настанот. Наградата е дел од интернационалната мрежа на награди „Програма на награди за млади визуелни уметници“ во Централна и Југоисточна Европа, основана во 1990 година од Фондацијата за граѓанско општество и претседателот на Чешка, Вацлав Хавел, за потоа да се прошири со востановување на награди во уште 10 земји во регионот.

Од 2016 година оваа програма е менаџирана од резиденцијалната програма Residency Unlimited, а наградата е двомесечен престој во Њујорк.

Tags: ГЕМКУЛТУРАЛинеа ВестпредавањеСкопје 2014споменициЦивил
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ