• Latest

24 ЧАСА: Постигнат договор за тунелот и пругата кон Бугарија; најмалку 8 загинати и над 30 повредени откако се урна настрешница на железничката станица во Србија; наместо одговори, пинг-понг препукувања во Собрание

November 1, 2024

ДКСК: Само 35 отсто од учесниците на локалните избори поднеле финансиски извештаи на 11-от ден од кампањата, согласно Изборниот законик

October 14, 2025

Почина Владимир Блажев – Панчо од ДНК, 65 жртва на пожарот во „Пулс“, ОЈО ќе бара обдукција

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Кремљ се заканува дека Молдавија ќе ја доживее судбината на Украина, Санду предупредува на руски хибридните закани за ЕУ

October 14, 2025
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Постигнат договор за тунелот и пругата кон Бугарија; најмалку 8 загинати и над 30 повредени откако се урна настрешница на железничката станица во Србија; наместо одговори, пинг-понг препукувања во Собрание

November 1, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Бугарија и Северна Македонија постигнаа договор за пругата на Коридорот 8

Вчера во Софија се одржа состанок на делегации од Македонија, Бугарија и претставници од Европската Унија во однос на железничкото поврзување, информираат од Министерството за транспорт.

Како што известуваат од Министерството, трите клучни аргументи на заменик претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски беа прифатени. Прво, мора да има заеднички проект за тунелот со цел да не се гради тунел кој не води никаде, понатаму Бугарија да го заврши својот дел од пругата и трето да се ревидира цената која е превисока како и ревидиирање на самиот проект, соопштуваат од Министерството.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„На вчерашната седница за пратенички прашања не видовме одговори, туку пинг-понг препукувања. Во Македонија владее висока тензија и општествена поделеност која се рефлектираше и на вчерашната седница. Темите како што се уставните измени, евроинтеграциите дополнително ја подигна тензијата и негативната атмосфера во Собранието“, вели аналитичарот Петар Арсовски за ЦИВИЛ Медиа, по вчерашните први пратенички прашања во Собранието на новиот парламентарен состав.

РЕГИОН

Најмалку осум жртви, над 30 повредени откако се урна настрешница на железничката станица во Нови Сад

Осум лица загинаа во уривање на дел од Железничката станица во Нови Сад, соопшти министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

Градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ изјави дека се повредени повеќе од 30 лица. Инаку, под настрешницата имало клупи и на нив во моментот на падот имало голем број граѓани јавија српските медиуми.

СВЕТ

Анкети за изборите во САД: Кој е во водство, Харис или Трамп?

Националните анкети во моментов покажуваат дека Камала Харис води пред Доналд Трамп за еден процентен поен – 48% наспроти 47%.

Има добра причина да се биде внимателен во врска со анкетите, бидејќи тие ја потцениле поддршката за Трамп на последните два избори – при што грешката на националните анкети во 2020 година е најголема во последните 40 години, пренесуваб Би-би-си.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Кои се вашите впечатоци од Седницата за пратенички прашања?

СЛОБОДНА ЗОНА

„Доколку со ваквата изјава Мицкоски мислеше да ги навреди пратениците на СДСМ, тој всушност ги посипа со пепел сите Македонци кои не извадиле бугарски пасош и не се пишале као Бугари. Не дека немале и тие економска потреба, како Сања Божиновска, едноставно решиле дека националната припадност и македонското потекло им е поважно од економските потреби, и не вреди да си го пр(е)одадат за разно разни олеснувања, како работа во странство, купување половно возило, глумење европски „гражданин“, пишува Драган Мишев во колумната „Мицкоски ја прогласи Сања Божиновска за голема Македонка, ги помножи со нула сите Македонци без бугарски пасош“.

*

„Проблемот е во тоа што политичките партии своето делување досега го насочуваа врз користење на буџетот за свои цели, полнење на администрацијата, помагање на компаниите кои ги сметаат за свои. Често со коруптивни дејанија на апаратот се зголемуваше и сивата зона на економијата која е под радарот на даночните органи, па предвидените приходи изостануваа“, пишува Војо Маневски во колумната „Буџетот не е чекмеже: За да се земат пари, треба и да се стават – за да има што да се земе“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ