• Latest

Сиљановска Давкова на КОП29: Земјите од Западен Балкан треба да имаат постојан пристап до фондовите за климатска акција

November 12, 2024
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Сиљановска Давкова на КОП29: Земјите од Западен Балкан треба да имаат постојан пристап до фондовите за климатска акција

November 12, 2024 15:16
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ИЗЈАВИ, КЛИМАТСКИ ПРОМЕНИ
Share on FacebookShare on Twitter

На Самитот за климатски промени (КОП29) во Баку, Азербеџан, денеска се обрати на првата пленарна сесија на сегментот на високо ниво за шефови на држави и Влади и претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска Давкова.

„Се собравме на COP29 среде војна. Добрата вест е, како што некои би рекле, тоа што агресорот веќе трпи големи загуби и најверојатно ќе ја изгуби војната. Лошата вест е тоа што агресорот е самото човештво, со неговите неодржливи производствени системи и потрошувачки навики.

 Доколку не го одржиме глобалното затоплување под 1,5 степени до 2050 година, наместо за одржливост и раст, ќе треба да размислуваме за соодветни места за населување и опстанок. Во оваа војна против природата, најчесто страдаат невините, децата, ранливите популации и малите нации во развој.

 Сместена во еден од најранливите климатски региони во светот, Медитеранот, ние мора да ги прилагодиме нашите безбедносни, одбранбени, енергетски, здравствени, туристички, водни, образовни и други системи на овој повеќедимензионален предизвик, кој исто така треба да ги вклучи жените, децата и младите. Ги поддржавме декларациите за унапредена акција во доменот на туризмот и за водата за климатската акција. Воедно, назначив експерт за климатски промени во нашиот национален Совет за безбедност и се приклучивме на Групата на пријатели за клима и безбедност.

Нашата цел е да ја забрзаме транзицијата кон економија со ниска потрошувачка на јаглерод во сите сектори, вклучувајќи ги енергетиката, транспортот, индустријата и земјоделството. За да постигнеме зелен раст, ќе инвестираме во зелени работни места и ќе ги преквалификуваме работниците од производството на енергија на база на јаглерод. Одржливата енергетска транзиција мора да биде еколошки и општествено праведна. Со донесување на Закон за климатска акција ќе воведеме правна рамка за мониторинг, известување, верификација и акредитација. Истовремено, ќе донесеме ревидиран Закон за енергетика и нов закон за обновливи извори.

 Овие закони го поддржуваат спроведувањето на предизвикувачкиот кластер „Зелена агенда и одржливо поврзување“ во преговорите за членство во ЕУ, за што се потребни 3,1 милијарди евра за обновлива енергија и енергетска ефикасност. Економскиот и инвестицискиот план и Зелената агенда за Западен Балкан обезбедуваат финансирање за ова. Без оглед на напредокот во процесот на пристапување во ЕУ, земјите треба да имаат постојан пристап до фондовите за климатска акција пред членството.

 Ни треба мировен договор, природен договор, како што би рекол Мишел Серес, за да престанеме да ја третираме природата како противник и да почнеме да се однесуваме кон неа како кон партнер. Парискиот договор, целите за одржлив развој се основата на тој мировен договор, на тој природен договор. Да ги спроведеме во согласност со принципот pacta sunt servanda“, изјави Сиљановска Давкова во своето обраќање.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ