БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Номинациите за највисоките функции во американската администрација, покажуваат дека новиот претседател Трамп планира да ја води Аемерика според моделот на Норд Македонија на Мицко унд вмро, што значи дека од првиот ден ќе се зафатат со демонтажа на демократијата и на институциите на демократијата, на Републиката и на нејзината втемеленост во законот, на основите на американската политичка историја и, конечно, на американските позиции и моќ во светот, правејки ја гооолема, натурлих.
Неговите донаторски и партиски кандидати се политички шупелки кои можат да функционираат, исто како и македонските, значи во празнината од закони, историја, култура и морал, од знаење и интелект. И меѓу многу оглупавен народ.
Америка ќе се корпоратизивира, односно ќе стане акционерско друштво на неколку олигарски, приватна сопственост на орка китовите во американскиот океан.
Русија на Запад!
Дали демократијата, законите, јавноста и преостанатиот дел од слободните медиуми ќе успеат да се одбранат, како при првиот мандат на Трамп, е многу неизвесно, но одговорот е поблиску до “не”, отколку до “да”.
Интересно е тоа што и Америка и светот многу бргу истинаа по вжештената страв од Трамп и трампизмот. На некој многу чуден, но во суштина, сепак, разбирлив начин, тоа е така затоа што сите знат што ги чека.
На уште почуден начин тоа може да биде расположение кое реално ќе му задава најголеми проблеми на новиот претседател до нивото што неговата методологија, естетика, пораки и мисија, ќе ги доведат во прашање.
Без стравот и чувствителноста на луѓето кон спектаклот што тој го емитира во енормни дози, Трамп нема да може да функционира како што наумил.
Се разбира, него и неговата луда екипа, таквата перцепција може да ги налути и дополнително збеснее, односно да ја засили нивната стрв против реалноста која со индоленција или без особен респект, ќе се однесува кон неговите напори да ја смени, но, јебига, тој политички Морган ќе однесе многу куќи и во САД и во светот.
Сите ќе ја платиме цената.
Борбата треба да биде наочена во претворањето на стравот во смеа и исмејување, до таа мерка што ќе го натера, заедно со Маск, Рубио, Безос и друштвото што ја опљачкаа земјината топка и земјаните, да не напуштат и да заминат на Марс каде од земски компири, во почвата на црвената планета, ќе прават расади во сопствените говна (Мат Дамон, во филмот чиј наслов го заборавив).