• Latest

24 ЧАСА: МВР воведува дигитална алатка за издавање дозвола за оружје со цел неселективен пристап; трансродовата ќерка на Илон Маск ги напушта САД по победата на Трамп; Иранките кои одбиваат хиџаб ќе се носат на лечење

November 15, 2024
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: МВР воведува дигитална алатка за издавање дозвола за оружје со цел неселективен пристап; трансродовата ќерка на Илон Маск ги напушта САД по победата на Трамп; Иранките кои одбиваат хиџаб ќе се носат на лечење

November 15, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Отказ на 15 високи полициски службеници поради незаконско издавање на дозволи за оружје, Спасовски тврди дека Тошковски удри по професионалците во МВР

МВР воведува дигитална алатка со цел неселективен пристап и намалување на трошоците при барање дозвола за поседување на оружје.

Министерството за внатрешни работи во минатото издавало дозволи за оружје на лица кои не ги исполнувале законските услови и по спроведена внатрешна контрола 15 високи полициски службеници добиле решение за отказ. Ова денеска го соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на заедничката прес-конференција со министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, со кој ја презентираа новата дигитална алатка која што треба да овозможи неселективен пристап при издавање на дозволи, како и да го олесни процесот на издавање на потребните документи на граѓаните.

Тошковски посочи дека голем број на граѓани доставувале лично до него, како и до неговиот кабинет претставки и поплаки во врска со начинот на којшто МВР ги спроведувало постапките за издавање на дозволи за поседување на оружје и по извршена темелна истрага било констатирано дека се постапувало селективно, а не хронолошки како што требало да постапуваат.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Трансродовата ќерка на Илон Маск ги напушта САД по победата на Трамп

„Го мислев ова некое време, но вчера ми го потврди тоа“, напиша Вилсон на Threads, бидејќи одбива да користи X.com. „Не гледам мојата иднина да биде во САД.

„Дури и ако тој е на функција само 4 години, дури и ако анти-транс регулативите магично не се случат, луѓето кои доброволно го изгласаа ова нема да одат никаде во скоро време“.

РЕГИОН

Бугарските пратеници претпладнево ќе одржат нова седница – трет обид да изберат претседател на 51. Народно собрание.

СВЕТ

Иранските власти планираат да отворат посебни клиники за жените кои одбиваат да носат хиџаб на јавни места, каде ќе им биде пружена психолошка помош.

Како одговор на голем број барања од семејствата, Техеран, благодарение на консултациите и поддршката на персоналот ќе ја отвори првата Клиника за помош и лекување на жените кои не сакаат да носат хиџаб. Во клиничките центри жените, кои одбиваат да ја покријат главата со хиџаб, ќе им биде пружена помош, за да се убедат да се вратат кон традиционалната исламска покривка за глава, се наведува во соопштението на иранските власти.

ГРАЃАНСКА АКЦИЈА

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за најавата за поскапување на струјата?

ИНТЕРВЈУ

Амбасадорката на Украина, Н.Е. Лариса Дир: Силите на рускиот агресор се состојат од убијци, мачители и киднапери на украински деца

Потресни се сознанијата што ги сподели Амбасадорката на Украина во Северна Македонија, Н.Е. Лариса Дир, во ексклузивното интервју за Фронтлајн. Меѓу другото, амбасадорката открива дека „руските воени сили егзекутираат украински воени затвореници, вклучувајќи ги и невооружените и ранетите“ и дека „бројот на егзекуции на украински војници кои паднале во заробеништво е во пораст“.

„Набљудувачката мисија на ОН за човекови права во Украина во март претстави извештај, во кој, меѓу другото, се документирани факти за егзекуции на украински воени затвореници.

Оваа суровост е израз на прогресивната бездушност на војниците на руската армија, фактичко дегенерирање на интелектот на Русите кои се вмешани во злосторства против човештвото, а исто така е елемент на заплашување на истите тие руси кои одлучиле да се продадат во воено ропство на руската армија и да заработуваат за живот со убивање луѓе.

Систематското мачење и суровото постапување со украинските воени затвореници се случува во сите фази од заробеништвото. Токму за тоа е документирано во извештајот на Високиот комесар за човекови права на ОН, објавен на 1 октомври 2024 година“.

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ