• Latest
Фото: Х

МНР на Украина по повод 1000 ден од почетокот на целосната воена инвазија на Русија врз Украина: Ги повикуваме меѓународните партнери да се обединат околу спроведувањето на Формулата за мир

November 19, 2024

САД и Обединетото Кралство објавија нов трговски договор; За Трамп значи отворање огромен пазар, за Стармер е историски ден

May 8, 2025

Ватикан избра прв понтиф од САД; Роберт Превост е новиот папа Лео XIV

May 8, 2025

Парада на срамот и злосторството: Руските агресори не се ослободители, туку злосторници – ја присвојуваат победата над нацизмот

May 8, 2025

(ГАЛЕРИЈА)Масакрот во Корјукивка, Украина: Најбруталната казнена акција на нацистите во Втора светска војна

May 8, 2025

24 ЧАСА: Европа го одбележува Денот на Победата; Според Штајнмаер, Путин ја искривува историјата и ги крие злосторствата; Вучиќ „му фрли ракавица“ на Брисел

May 8, 2025

Честит Ден на победата во Европа, 8 Мај и Честит Ден на Европа, 9 Мај

May 8, 2025

Дурмиши повторно предупредува: Доколку има енормно зголемување на цените на прехранбените производи ќе се преземат поригорозни мерки

May 8, 2025
Фото: Фејсбук на Апасиев / Левица

Парадата на победата во Москва ги разобличува руските инсталации

May 8, 2025

Одбрана на демократијата, препораки и политики: Градење меѓуполитички и општествени сојузи

May 8, 2025
Фотографија: Wikipedia

Штајнмаер: Со воената агресија на Путин, болно е да се признае дека ослободителите на Аушвиц станале новите агресори

May 8, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

МНР на Украина по повод 1000 ден од почетокот на целосната воена инвазија на Русија врз Украина: Ги повикуваме меѓународните партнери да се обединат околу спроведувањето на Формулата за мир

November 19, 2024 19:35
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Фото: Х

Фото: Х

Share on FacebookShare on Twitter

Илјада дена Украина им се спротивставува на целосната вооружена агресија на Руската Федерација и води одлучна борба за својата слобода, државност, територијален интегритет и можност за слободен развој и изградба на иднината, се вели во изјавата на МНР на Украина по повод илјадитиот ден од почетокот на целосната воена инвазија на Руската Федерација врз Украина.

Како што потенцираат од МНР на Украина, за тоа време бевме сведоци на вистинската храброст на бранителите на островот Змииниј, херојството на одбраната на „Азовстал“, Бахмут и други градови и села, неуморната работа на волонтерите и невидената подготвеност и на украинските војници, и на цивилното население да го бранат секој дел од украинската територија.

Во исто време, како што велат од украинското МНР, целиот свет беше шокиран од ужасните злосторства на руската армија во Буча, Јагидне, Ирпин, Изјум, Мариупол и други градови, уништувањето на хидроцентралата Каховка, егзекуциите на украински воени заробеници и цивили, како и намерното уништување на станбени згради, училишта, болници и други цивилни објекти.

Според украинскот МНР, започнатата од Русија најголема агресивна војна на европскиот континент од времето на Втората светска војна ја сруши меѓународната безбедносна система. Илјада дена, импресионирајќи го светот со својата цврстина, украинскиот народ продолжува да пружа решителен отпор на агресорот заради независна иднина, ослободена од притисокот на Кремљовата диктатура.

Остварувајќи го своето право на самоодбрана врз основа на член 51 од Статутот на ОН, Украина ослободи повеќе од половина од окупираните територии од почетокот на целосната инвазија, уништи стотици илјади војници од армијата на окупаторот, десетици илјади единици воена техника и продолжува да се бори за ослободување на привремено окупираните територии на Автономната Република Крим, градот Севастопол, делови од Донецката, Запорижската, Луганската и Херсонската области.

Во соопштението понатаму се вели дека и покрај целосната војна, Украина напредува на патот за влез во ЕУ и НАТО, спроведува важни реформи, обезбедува макроекономска стабилност, го зачувува единството на општеството на овој пат, вклучувајќи ги сите наши луѓе во странство. Работиме на создавање услови за нивно враќање дома.

Руската воена инвазија е придружена со масовни прекршувања на меѓународното право, меѓународното хуманитарно право и човековите права. Руските окупациски сили вршат воени злосторства и злосторства против човечноста, убиваат цивили, мачат и егзекутираат воени заробеници. Цивилните Украинци живеат во услови на постојани напади со управувани авионски бомби, ракети и дронови различни типови од руско, севернокорејско и иранско производство.

Русија води хибридна војна не само против Украина, туку и против целиот свет, користејќи храна, енергија и други ресурси како оружје. Русија спроведува опсежни дезинформациски кампањи и сајбер напади, се обидува да манипулира со јавното мислење, да шират хаос и подели во демократските општества.

Целосната инвазија на Руската Федерација во Украина покажа итноста на обединување на напорите на демократските држави во спречувањето на широкиот спектар на хибридни тактики на Русија.

Секојдневниот терор на Русија докажува дека тековниот притисок врз земјата-агресор е недоволен. Украина има потреба од можноста да извршува напади врз воените цели на целата територија на РФ. Русија разбира само сила.

Руската Федерација продолжува со намерни напади врз енергетскиот систем на Украина. Повикуваме меѓународните партнери да помогнат во зајакнувањето на воздушниот штит на Украина за заштита на критично важни енергетски објекти, а меѓународните хуманитарни организации да реагираат на криминалните дејства на Русија кон цивилите.

Исто така, е важно понатамошното засилување на санкцискиот притисок, вклучително и на клучните сектори на руската економија, со цел да се лиши Руската Федерација од можностите и ресурсите што се неопходни за производство на оружје и воена техника која се користи за продолжување на војната.

Украина никогаш нема да се покори на окупаторите, а руските војници ќе бидат казнети за прекршување на меѓународното право.

Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на диктаторот Владимир Путин и руската омбудсманка за правата на децата, Марија Львова-Бјелова, за незаконска депортација и преместување на украински деца, што е воен злостор. МКС исто така издаде налози за апсење на поранешниот министер за одбрана на РФ, Сергеј Шојгу, началникот на Генералштабот на руската армија, Валерии Герасимов, поранешниот командант на далечната авијација на Русија, Сергеј Кобилаш и поранешниот командант на Црноморската флота на РФ, Виктор Соколов, поради нивната вмешаност во извршување воени злосторства и злосторства против човештвото.

Ние повикуваме државите-членки на Римскиот Статут да ги почитуваат своите обврски за соработка со Меѓународниот кривичен суд и потребата од обезбедување на апсење на воениот злосторник Владимир Путин и неговите соработници, на кои МКС издаде налози за апсење.

Истo така, се надеваме дека ќе се постигне резултат во работата на создавање на Специјален трибунал за злосторството на агресија против Украина, со цел да се повика на одговорност највисокото политичко и воено раководство на Русија за злосторството на агресија против Украина – злосторство кое е основа за сите други меѓународни злосторства.

Меѓународниот суд на ОН во предметот поврзан со обвинувањата за геноцид врз Конвенцијата за спречување и казнување на геноцидот (Украина против Русија), која Украина ја иницираше вториот ден по целосното руско воено втргнување, донесе првична пресуда во корист на Украина, признавајќи ја својата јурисдикција да го разгледува овој случај.

Покрај тоа, Меѓународниот суд на ОН издаде Наредба за преземање привремени мерки, која ја обврзува Русија да прекине со воените дејствија што беа започнати на 24 февруари 2024 година. Сепак, Русија продолжува да го прекршува овој правно извршлив налог.

Руската агресија не влијаеше само на Украина. Тековниот нуклеарен шантаж од страна на Руската Федерација, освојувањето на ЗАЕС и нападите врз објектите на критичната инфраструктура, од кои зависи безбедното функционирање на украинските нуклеарни централи, го доведуваат во опасност целиот свет.

Илјада дена на руската инвазија доведоа до ескалација на глобалната хранителна криза. Невибирани напади врз украинските пристаништа, цивилни бродови и минирање на земјоделските полиња имаат негативно влијание на милиони луѓе далеку надвор од Украина. Светот стана заробеник на империјалистичките амбиции на Русија, која свесно го користи производството на храна како оружје. Преку теророт на Русија, Украина останува еден од клучните гаранти на глобалната безбедност на храна.

Жртва на војната стана и животната средина. Издувните гасови во атмосферата, загадувањето на земјиштето и реките, непоправлива штета на биолошката разновидност, уништувањето на Каховската хидроелектрична централа – ова се само некои од многуте примери на влијанието на агресијата врз животната средина. Токсичното наследство од злосторничките дејства на Русија се чувствува и далеку надвор од нашата држава. Токму затоа прашањето на еколошката безбедност е меѓу важните приоритети врз кои работи украинската страна во рамки на имплементацијата на Формулата за мир, особено со цел да се засилат постоечките природозащитни механизми за заштита на животната средина во услови на војна.

Ние сме благодарни на партнерите за целата обезбедена одбранбена, финансиска, економска и хуманитарна помош. Апелираме за продолжување и засилување на поддршката. Обновувањето на глобалната стабилност и заедничката безбедност е невозможно без враќање на територијалната целокупност и суверенитетот на Украина.

Апелираме до партнерите за засилување на помошта за Украина, особено за зајакнување на воздушната одбрана за заштита на критично важни енергетски објекти; за активна учествување во обновата на нашата држава; за поактивно реагирање на дејствијата на Кремљ кои ги загрозуваат украинските нуклеарни објекти; за осудување и истрага на злосторствата на Руската Федерација врз цивилните Украинци; за демантирање на лажните вести преку кои Русија се обидува да ги избелее своите воени злосторства.

Руската Федерација не демонстрира подготвеност да ја заврши војната. Наместо тоа, ја засилува соработката со Иран и Северна Кореја. Техеран и обезбедува на Руската Федерација дронови и друга поддршка, а Северна Кореја фактички влезе во војната на страната на Русија, испраќајќи воен контингент за учество во борбата против Украина, плус до предадените артилериски гранати и ракети.

Овие три режими во длабока соработка покажуваат дека руската агресија против Украина е глобална закана која ја дестабилизира Европа, Југоисточна Азија и Блискиот Исток. За оваа закана е потребна глобална контраакција.

Претседателот на Украина го предложи Планот за победа, чие спроведување ќе ја натера Руската Федерација да ја прекине агресијата и да постигне праведен мир. Ги повикуваме нашите партнери да ја поддржат нашата борба, да помогнат во спроведувањето на Планот за победа и да се постигне сеопфатен, праведен и одржлив мир за Украина, Европа и целиот свет.

Ги повикуваме меѓународните партнери да се обединат околу спроведувањето на Формулата за мир, која претставува единствено целосно видување за завршување на војната и воспоставување сеопфатен, праведен и одржлив мир. Потребен е мир преку сила, а не умирување, стои во соопштението на Украинското МНР.

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: 1000 дена руска агресијаукраинско МНР
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ