• Latest

За Белата куќа Русија е целосно одговорна за ескалацијата во Украина, Пентагон потврди дека биле информирани од Москва кратко време пред лансирањето на балистичката ракета против Украина

November 22, 2024
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

За Белата куќа Русија е целосно одговорна за ескалацијата во Украина, Пентагон потврди дека биле информирани од Москва кратко време пред лансирањето на балистичката ракета против Украина

November 22, 2024 10:30
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Ескалацијата на конфликтот во Украина, вклучително и вмешувањето на севернокорејски војници, целосно е во рацете на Русија, изјавија синоќа во Белата куќа.

– Русија ескалираше на секој чекор, изјави портпаролката Карин Жан-Пјер, додавајќи дека САД ја предупредиле Москва дека е неприфатливо вовлекување на „други земји“ во украинскиот конфликт.

Како што пренесува МИА, според западни и украински разузнавачки служби, Русија вклучила во конфликтот најмалку 10.000 севернокорејски војници, дел од кои се распоредени во Курската област на Русија за зајакнување на нејзините позиции.

За Жан-Пјер тоа е доказ за „очајот“ на Москва.

„Тие трпат високи загуби и затоа бараат од Северна Кореја дополнителна воена сила“, рече таа и најави дека администрацијата во заминување на претседателот Џо Бајден ќе продолжи активно да обезбедува помош за Украина во преостанатото време до истекот на мандатот на актуелниот претседател.

Русија неделава ја нападна Украина со нова балистичка ракета со среден дострел, што, според аналитичарите, беше одговор на одлуката на Бајден да ѝ дозволи на Украина да користи американски ракети со долг дострел за напади врз Русија.

Жан-Пјер одби да коментира за промената на позицијата на САД во однос на ракетите ATACMS, за што првпат беше објавено за време на викендот.

-Тие (Русија) се тие што продолжуваат со ескалацијата. Ние ќе продолжиме да ја поддржуваме Украина во нејзината борба против оваа агресија, изјави портпаролката.

Таа додаде дека САД не гледаат „никаква основа“ за промена на својата нуклеарна доктрина по обновувањата на руската нуклеарна доктрина, за што претходно зборуваше претседателот Владимир Путин. Претставничката на Белата куќа ја осуди „неодговорната“ реторика на Москва.

– Ние не гледаме никакви причини за прилагодување на нашата нуклеарна доктрина или позиции како одговор на изјавите на Русија, нагласи Жан-Пјер.

Од Пентагон синоќа потврдија дека Русија лансирала експериментална балистичка ракета со среден дострел кон територијата на Украина и дека САД биле известени кратко време пред стартот на оружјето.

Според портпаролката Сабрина Синг, оружјето е модификација на руската интерконтинентална балистичка ракета РС-26 „Рубеж“ способна да носи нуклеарни боеви глави. 

– Соединетите Американски Држави беа известени кратко време пред лансирањето преку каналите за намалување на нуклеарниот ризик, изјави Синг. Ова е нов тип на смртоносен капацитет ставен во употреба на бојното поле. Дефинитивно тое предизвикува загриженост, изјави таа, посочувајќи дека оваа ракета со среден дострел е способна да носи и конвенционални и нуклеарни боеви глави.

Според достапните информации, ракетата „Орешник“, како што ја опиша вчера во своето обраќања до јавноста рускиот претседател Владимир Путин, удрила на одбранбено-индустрискиот комплекс во градот Днипро.

Ракетата достигнала брзина до 10 маха, или 2,5–3 километри во секунда, наведува Радио Слободна Европа, повикувајќи се на изјавата на рускиот лидер. Според Путин, оваа ракета не може да биде пресретната од современите средства за противвоздушна одбрана, вклучувајќи ги и системите создадени од САД и поставени во Европа.

Кремљ соопшти дека ова лансирање било одговор на нападите на украинските вооружени сили на 19 и 21 ноември врз цели во Брјанската и Курската област, при што, како што се тврди, биле користени ракети од американско и европско производство, како што се ATACMS и Storm Shadow (SCALP).

Претходно, неделава претседателот на САД Џо Бајден даде дозвола на Украина да користи ATACMS, најдолгоопсежните ракети што Вашингтон ги испорача на Кијив. Според експертите, користењето на овие американски ракети може да ѝ помогне на Украина да го заштити контролираниот дел од пограничната руска територија во Курската област. 

М. Д.

Tags: Белата куќаПентагонруска агресија врз Украинаруски напад со балистичка ракета
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ