• Latest

24 ЧАСА: Старт на изборите со општински долгови од 64,7 милиони евра; спорот со Бугарија ќе се решава догодина; лажни дојави за бомби во српски училишта

October 2, 2025
Злосторникот и соучесниците

Смртта на Ратко Младиќ: Крај за еден воен злосторник, но не и за негирањето на вистината

August 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Статистиката не е економска политика, гласање ќе има, ама ќе нема избирање

August 28, 2026

ГРАЃАНСКИ ФОРУМ: Ние прашуваме, тие бегаат од одговори – која е вашата порака до политичарите денеска?

August 28, 2026
Преземено од Unsplash

Компанијата Мета се спогоди за скоро 18 милијарди долари по тужбите дека ги „заробувала“ децата на социјалните мрежи

August 27, 2026
Фотографија: Википедиа

Дрон со експлозив меѓу лежалки и чадори: војната во Украина сè поблиску до романското крајбрежје

August 27, 2026
Украина, Сумска област, 27 август 2026 (фото извор: ДСНС)

Ден 1646, руски терор врз цивилите во Украина: Нападнати Кијив и Одеса – оштетени училишта, здравствена установа и станбени објекти

August 27, 2026
Скриншот од видео на Би-би-си

Катастрофални поплави на Хималаите: најмалку 165 загинати, речиси 1.500 исчезнати

August 27, 2026

ВЛЕН и ДУИ: Кој е заслужен за неизградбата на автопатот Скопје – Блаце?

August 26, 2026

Мицкоски коленичи пред Трамп, а Северна Македонија ја нуди како коцкарски жетон

August 26, 2026

Податочни центри во Северна Македонија: Помеѓу технолошката неопходност, локалните реалности и зелените стратегии

August 26, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Старт на изборите со општински долгови од 64,7 милиони евра; спорот со Бугарија ќе се решава догодина; лажни дојави за бомби во српски училишта

October 2, 2025 17:02
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Старт на локалните избори со општински долгови од 64,7 милиони евра

Дури 22 општини во земјава се рангирани во 100 те најзадолжени субјекти и на локално и на централно ниво. Општините во државата ја стартуваат изборната кампања со доспеани а неплатени обврски во износ од 64,7 милиони евра – сума која е зголемена и на квартално и на годишно ниво. Додека на локално ниво се набројуваат проекти вредни стотици милиони евра, вклучувајќи ги 250 милиони евра од Унгарскиот кредити, буџетските биланси на општините покажуваат дека скоро сите се на листата “должници“ – со доспеани а неплатени обврски. Според податоците од Министерството за финансии 22 општини се рангирани во групата на 100 најзадолжени субјекти на ниво на целата држава.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

„Претседателот на Владата во неколку наврати јавно изјави дека по завршувањето на изборите, односно со почетокот на Новата година се очекува да има конкретни чекори во надминување на спорот со соседна Бугарија. Мислам дека во моментов, бидејќи се наоѓаме во изборна кампања се што ќе кажеме може да се стави во одреден контекст и да го наруши и да му наштети на процесот. Тоа што е битно и што е главната порака на ваквите изјави е дека кај премиерот и кај Владата постои сериозна одлучност и заинтересираност после изборите да се направат конкретни чекори за надминување на овој проблем. Тоа што можам сега да кажам е дека има размислувања за тоа какви чекори треба да се преземат, но целиот фокус сега е на изборната камапња и не може да се очекува тие размислувања да добијат форми на конкретни предлози , изјави денеска министерот за европски прашања Орхан Муртезани. 

РЕГИОН

Српската полиција изврши проверки во дел од училиштата, дојавите за бомби се лажни

Министерството за образование на Србија објави дека екипите на Министерството за внатрешни работи извршиле увид во некои од училиштата до кои биле испратени пријави за бомби и дека е утврдено дека сите дојави се лажни.

СВЕТ

Трамп одобри разузнавачка помош за нападите на Украина со долг дострел врз руската енергетска инфраструктура

САД ќе ѝ обезбедат на Украина разузнавачки информации за ракетни напади со долг дострел врз енергетската инфраструктура на Русија, изјавија американски претставници, додека администрацијата на Трамп размислува да му испрати на Кијив моќно оружје кое би можело да постави во дострел повеќе цели во Русија.

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за многудетноста како највисок патриотски чин?

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ 

ЦИВИЛ како дел од јавен настан вечерва во Рим ќе ја промовира книгата „Одбрана на демократијата и човековите права“

ЦИВИЛ – Центар за слобода, како коосновач на Глобалната иницијатива за одбрана на демократијата (Defending Democracy Global Initiative – DDGI), ќе биде дел од јавниот настан „Одбрана на демократијата и човековите права – Од препораки кон акција“, што ќе се одржи вечерва, 2 октомври 2025 година во Рим.

Програмата, закажана од 18:30 до 20:30 часот по средноевропско време, ќе вклучува промоција на книгата „Одбрана на демократијата и човековите права–  со извештаи и препораки за политики, која потоа ќе биде проследена со дискусија.

Подготви: Б. Јордановска

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ