• Latest
Фото: МИА

24 ЧАСА: Протест секоја недела доколку не се реши проблемот со јавниот превоз; Орбан му нуди спас од затвор на Нетањаху; Мицкоски – албанската азбука е потсетник како писменоста и образованието се мостови помеѓу луѓето

November 22, 2024
Фото: Андрей Романенко / commons.wikimedia.org

„Вучиќова банка“ влезе во Македонија: Алта банка од Белград ја презеде Стопанска банка – Битола

October 14, 2025
Фото: Скриншот од Х видео

Фон дер Лајен најави отворање „фабрики за вештачка интелигенција“ во Северна Македонија и во Србија

October 14, 2025

Кампања: ВМРО-ДПМНЕ во Пробиштип, Кратово, Ранковце и Крива Паланка, СДСМ во Сарај и Чаир, Новаци, Ресен и Битола

October 14, 2025

Европскиот парламент бара нова стратегија за родова еднаквост и признавање на фемицидот како кривично дело

October 14, 2025

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 ЧАСА: Протест секоја недела доколку не се реши проблемот со јавниот превоз; Орбан му нуди спас од затвор на Нетањаху; Мицкоски – албанската азбука е потсетник како писменоста и образованието се мостови помеѓу луѓето

November 22, 2024 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Протест на жителите на Шуто Оризари, студентите и средношколците поради проблемите со автобускиот превоз во Скопје

Пред канцелариите на Град Скопје попладнево се одржува протест поради состојбата со јавниот превоз и недостиг на автобуси во главниот град.

Во Скопје три дена не сообраќаа автобуси поради тоа што ЈСП Скопје немаше нафта. Возеа само триесетина автобуси од кои 25 возат на гас. Состојбата од денеска е надмината откако Владата донесе одлука на ЈСП да му се даде нафта за седум дена од државните резерви.

Пред Град Скопје своето незадоволство го искажуваат жители на Шуто Оризари, организирани од градоначалникот Курто Дудуш, Сојузот на средношколци на Република Северна Македонија, а со барање за нормализирање на јавниот превоз излегоа и студентите од УКИМ.

„Доколку не се реши проблемот со јавниот превоз ќе протестираме секоја недела“, вели Дудуш.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

– Во овој дух, албанската азбука е потсетник како писменоста и образованието се мостови помеѓу луѓето, не темите кои нè разделуваат, не политичките барања на поединци кои многу години се криеја зад народот кого го крадеа, јасното фокусирање кон приоритетите, кон јасните приоритети, реалните потреби за образование, економија и напредок ни помагаат да ги надминеме, истакна во обраќањето премиерот, Христијан Мицкоски на свечена академија по повод 22 Ноември, Денот на албанската азбука.

РЕГИОН

Бугарското Народно собрание по петти пат не успеа да избере свој претседател

И петтиот обид за избор на претседател на 51. состав на бугарското Народно собрание пропадна. Според процедуралните правила, за избран ќе се смета кандидатот кој добил повеќе од половина од гласовите на присутните во пленарната сала.

Повторно најмногу гласови собра доајенот и претседавач со седницата Силви Кирилов од „Има таков народ“ (ИТН). Тој доби 101 глас „за“, 99 пратеници беа „против“, а 37 воздржани. Него го поддржаа 17 пратеници од „Продолжуваме со промените-Демократска Бугарија“, 35 од „Преродба“, 19 од „Сојуз за права и слободи“, ИТН – 18, МЕЧ – 12. Против Кирилов беа еден пратеник од ПП-ДБ, 30 од „ДПС-Нов почеток“ и 68 од ГЕРБ-СДС. „Воздржано“ гласаа 17 народни претставници од ПП-ДБ и 20 од „БСП-Обединета левица“.

СВЕТ

Реакции на потерницата од Меѓународниот кривичен суд за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека ќе го покани израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху да ја посети Унгарија, велејќи дека налогот за апсење на Нетанјаху издаден од Меѓународниот кривичен суд (МКС) „нема воопшто да го разгледува.”

СЛОБОДНА ЗОНА

„Останува секојдневната комуникација на граѓаните меѓу себе. Овде стрпливо мора да се работи на основата за тоа. Важна е довербата и меѓусебното почитување па полесно ќе се најде јазикот на кој ќе се прави тоа. Ако е казнето човештвото од Господа за своите гревови со поделбата на јазиците на кои говори, колку треба да трае покајанието па да се влезе во чистилиштето“, пишува Војо Маневски во колумната „На кој јазик можеме да се разбереме“?

Д. Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Семејни пат’ридии

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ