• Latest

„Гринпис“ побара јасни финансиски обврски и рокови од големите производители на фосилни горива

November 22, 2024
Shelling aftermath in Olenivka, Donetsk region, July 29, 2022. Photos from open sources

Украинските обвинители истражуваат егзекуции на 322 воени заробеници од страна на Русија

October 6, 2025
Фото: Д.М, ЦИВИЛ

Уапсен советникот на директорот на полицијата на РС и неговите синови под сомнение дека нападнале полицајци во Бања Лука

October 6, 2025
Фото: Фејсбук

Итно започнување на преговорите за пристапување на Молдавија во ЕУ, побараа 55 европратеници од 19 земји-членки

October 6, 2025
Делегација на Хамас пристигнува во Египет на преговори со Израел. Фото: Скриншот од видео на
WION

Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

October 6, 2025

Без докази и без мерка: Уште еден напад од Ана Брнабиќ врз независните медиуми

October 6, 2025

24 ЧАСА: Втора недела изборна кампања; лидерите на Западен Балкан на самитот „Брдо-Бриони“ во Драч; нападната најголемите руска фабрики за експлозиви; изборни ветувања

October 6, 2025
Еден од најголемите производители на експлозиви и муниција во Русија, државната фабрика Свердлов, која се наоѓа во градот Џержинск во областа Нижни Новгород. Фото: Википедија

Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

October 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Рама ја поништува одлуката со која ги „амнестира“ кулите на олигарсите; Кој ќе биде новиот лидер на СПАК; Османи го обвинува Вучиќ дека се обидел да ја наруши средбата Брдо-Бриони

October 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на DW

Канцеларот Мерц смета дека Русија стои зад многу од неидентификуваните дронови над Германија

October 6, 2025

Мицкоски во офанзива против Али Ахмети: Изборна трка или етничка доминација?

October 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Гринпис“ побара јасни финансиски обврски и рокови од големите производители на фосилни горива

November 22, 2024 17:56
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Не ни требаат празни ветувања, туку многу повеќе, јасни заложби, изјави шефот на делегацијата на меѓународната невладина организација „Гринпис“ Џаспер Инвентер на КОП29 во Баку.

На прес-конференција неколку часа пред крајот на климатската конференција на ОН, претставниците на „Гринпис“ зборуваа за неуспехот на климатската правда, за пропуштените можности, за потребата од нагло намалување на штетните емисии во атмосферата, за отфрлањето на фосилните горива и одговорноста на богатите земји за судбината на земјите во развој.

– Часовникот отчукува. Не се работи само за суми кои се во согласност со очекувањата, туку и за очекувањата на милиони луѓе ширум светот, посочи Инвентер.

Додека извршниот директор на „Гринпис“ во Германија, Мартин Кајзер наведе дека „ако лидерите на земјите не можат да донесат важни одлуки, многу луѓе ќе умрат во екстремни климатски услови“.

Тој потсети на стотиците човечки жртви само во изминатите месеци од поплавите и тајфуните во Европа и Југоисточна Азија и предизвиканите штетите во висина од милијарди евра.

– Да се запрашаме колку вреди човечкиот живот, колку вредат животите на милиони, колку вредат животите на нашите деца и внуци. Човечкиот живот не се мери во евра или долари, наведе Кајзер.

Тој ги наведе бројките од Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА), кои сугерираат дека е можно драстично намалување на фосилните горива и замена со обновливи извори, и ги повика владите да отворат простор за развој и консолидација на „зелените“ извори на енергија.

Кајзер повика на политики за постепено укинување на фосилните горива во новите национални планови за климата што треба да се донесат до февруари 2025 година.

Тој ја поздрави подготвеноста на Обединети Арапски Емирати да се откажат од фосилните горива и да инвестира во „зелена“ енергија и посочи дека ако земјите како Саудиска Арабија останат изолирани во нивната неподготвеност да го сторат тоа, тие веројатно ќе го променат својот став.

Важноста на климатското финансирање на земјите во развој беше истакната од Фред Ниху од „Гринпис“ – Африка. Тој потенцира дека африканските народи со живот ги плаќаат климатските промени, гладуваат, но мултинационалните компании продолжуваат да одбиваат да преземат одговорност.

– Развиените земји мора праведно да платат за своите постапки, а во спротивно ќе продолжи систематското уништување на заедниците во Африка, истакна Ниху.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ГринписКОП29
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    152 shares
    Share 61 Tweet 38
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    145 shares
    Share 58 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ