• Latest

Разгледница од најголемата светска чекалница…

February 16, 2017

24 ЧАСА: Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост; нема да има промена на цената на струјата; Русија се приближува до 1 милион жртви во војната; САМО НЕШТО ДА ПРАШАМ: За 4-та економија во Европа

June 5, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Дали треба да гласа дијаспората?

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на BBC News

Задржани под закана со оружје: Тимот на Би-Би-Си приведен од израелските сили во јужна Сирија

June 5, 2025
фото: ВИ

РЕАКЦИИ: Граѓаните бараат една изборна единица и пофер изборен модел: Дијаспората надвор од гласачките кутии?

June 5, 2025

Додик повторно без проблеми премина граница, овој пат до Будимпешта

June 5, 2025
Фото: Скриншот МИА

Салиу: Лично со душа и со срце тврдам, дека немам апсолутна вина за пожарот во Кочани

June 5, 2025
Украинските сили започнаа ракетен напад насочен кон концентрација на руски ракетни трупи во руската област Брјанск на 5 јуни 2025 година. Фото: Скриншот од видео на Генералштаб / Телеграм

Украинските сили ја нападна руската ракетна база во Брјанската област, уништувајќи и оштетувајќи лансери „Искандер“

June 5, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американските Евреи се плашат за својата безбедност по насилните антисемитски напади во САД

June 5, 2025
Фото: МОН

Јаневска: Новата Национална стратегија треба да обезбеди дигитални вештини и компетенции кои ќе одговорат на глобалните промени

June 5, 2025

Клековски: Одговорно тврдам дека имаме капацитет за лекување на пациентите од трагедијата во Кочани

June 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Разгледница од најголемата светска чекалница…

February 16, 2017 19:58
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ех, живот еден убав што си тераме! Во најубавата и најголема чекалница на светот. Вечна ем библиска. Тука, не мора ништо да работиш. Доволно е да знаеш да чекаш. Некој да ти заврши работа. И да бидеш упорен. Затоа што единствено така, чекајќи, можеш да одиш напред и да направиш нешто во животот.

Пишува: Петрит Сарачини

Затоа, речиси секој во Македонија чека нешто. Со месеци, години, децении, а богами и векови. Некои чекаат да влезат во ЕУ и НАТО. Некои чекаат нови избори, некои мандат. Некои чекаат спас од Америка, некои од Русија. Некои чекаат да се реши спорот со името. Некои чекаат попис, бидејќи дури и една Сомалија го направи, со што, само чекајќи замислете, го освоивме светското лидерство во уште една област, надодавајќи го на двете светски круни во мизерија и загаденост на воздухот!

Некои нестрпливи чекачи, или во народот попознати како „лешпери“,  чекаат да почне „второто полувреме“, војна, „десоросоизација“. Други, пак, чекаат да дојде живот, слобода, департизација. дијалог и дебата. А некои уште го чекаат брат Субрата.

Се чека кој ќе биде спружен на насловна, на кого ќе му тропне полиција или извршител на врата. Се чека ноќта за да се сечат дрва, поставуваат споменици…Се чека денот, за да се чекаат татковците на нацијата во шпалир, додека сечат ленти, ветуваат брда и долини и ги полнат со празни зборови напатените души преполни исчекување. Се чекаат оти секогаш доцнат, веројатно бидејќи и тие чекаат на некој шалтер, додека ги полнат сметките во Кипар, Лугано, Белизе…

Туку, настрана големите теми. Тоа што сме светски шампиони во чекање не е воопшто случајно. Не е само поради имињата како Трпе, Трајче, Спасе, Шпетим, Дурим. Не е само поради поговорките како трпение-спасение или сабур-селамет, кој чекал – дочекал, и слично. Тие само го потврдуваат и преку традицијата нашето неприкосновено право кое го полагаме на светскиот чекачки престол.

Кај нас не се чека само автобус, ред на шалтери разни, ред за возови и карвани со автобуси, кои не одат никаде. Кај нас се чека вработување поради долгогодишна верност на партијата, се чека субвенција, социјална помош, стипендија. Се чека тендер, се чека дозвола за изградба, за било што, се чека да се бутне ваму, да се подмачка таму. И кога ќе ти завршат работа, мора да почекаш за да почестиш, затоа што чекаш да видиш затоплување на температурите на твојата сметка. Единствено не се чека многу за уплата на донации или провизии, иако додека дојдеш до моментот на уплата, може и да се окозиш од чекање.

Верувале или не, и оние кои одат преку ред, кај нас мора да чекаат. Не за џабе сме шампиони. Бидејќи и во одењето преку ред кај нас има ред и формула: времето на чекање е обратно пропорционално со блискоста до челниците на фамилијата, луѓето блиски до фамилијата, или локалните шерифи блиски до блиските луѓе на фамилијата.

Еве и сега, почитувани ем сакани мои припадници на народот со најмногу време на светот, завршија изборите, а ние чекаме. Го чекаме Али. А, тој го чека народот. Народот, што го чека Али веќе 13 години, исто така чека. И ајде сега да видам некој кој во светски рамки би ја победил нашата најмила мајчица Македонија во оваа непобедлива стратегија за да се сочува светскиот примат во чекање. Светската федерација на чекачи може слободно да се откаже од пехарот, кој ќе ги краси вечно нашите шампионски витрини.

За крај, во овој контекст, поле, нива а богами и бавча, Младичот ќе ве потсети на еден виц за нашите комшии Црногорци, кои, секако, кога ќе ги споредиме со нас, неоправдано се воспеваат за нивната мрзеливост и способност за чекање!  Затоа, малку и ќе ги смениме улогите, согласно светската реалност и нашите неоспорни достигнувања во овој домен.

  • Дурим, Дурим (Трпе на албански, де)! Гледај, човек се дави во реката!
  • Види Трпе, имаме 5 опции, да скокнеме во реката да му помогнеме, да викнеме некој за помош, да најдеме некоја долга гранка да му ја подадеме да се фати и да го извлечеме, да тркнеме до селото…
  • А бе се удави човеков Дурим! Зошто стоиме ?!
  • Во право си Трпе! Зошто стоиме? Ајде да седнеме, да поразговараме за опцииве…
Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЕУМакедонијаНАТОчекална
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Брисел насетува оти Мицкоски е подготвен да го жртвува и Извештајот во ЕП

    92 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ