• Latest

Разгледница од најголемата светска чекалница…

February 16, 2017

Роџер Касале: Најголемиот тест за Енди Бурнам ќе биде војната во Украина и заканата од Русија

June 23, 2026

Второто, восхитувачко лице на Џорџа Мелони

June 23, 2026

Меѓу европските амбиции и „српскиот свет“: СДА бара итна акција додека извештајот на ЕП поминува без јавна и политичка дебата

June 23, 2026
2K12 Kub (NATO denomination: SA-6 Gainful)

Кабинетот на премиерот Мицкоски три недели молчи за транзитот на советските ракетни системи за Уганда

June 22, 2026

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Разгледница од најголемата светска чекалница…

February 16, 2017 19:58
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

Ех, живот еден убав што си тераме! Во најубавата и најголема чекалница на светот. Вечна ем библиска. Тука, не мора ништо да работиш. Доволно е да знаеш да чекаш. Некој да ти заврши работа. И да бидеш упорен. Затоа што единствено така, чекајќи, можеш да одиш напред и да направиш нешто во животот.

Пишува: Петрит Сарачини

Затоа, речиси секој во Македонија чека нешто. Со месеци, години, децении, а богами и векови. Некои чекаат да влезат во ЕУ и НАТО. Некои чекаат нови избори, некои мандат. Некои чекаат спас од Америка, некои од Русија. Некои чекаат да се реши спорот со името. Некои чекаат попис, бидејќи дури и една Сомалија го направи, со што, само чекајќи замислете, го освоивме светското лидерство во уште една област, надодавајќи го на двете светски круни во мизерија и загаденост на воздухот!

Некои нестрпливи чекачи, или во народот попознати како „лешпери“,  чекаат да почне „второто полувреме“, војна, „десоросоизација“. Други, пак, чекаат да дојде живот, слобода, департизација. дијалог и дебата. А некои уште го чекаат брат Субрата.

Се чека кој ќе биде спружен на насловна, на кого ќе му тропне полиција или извршител на врата. Се чека ноќта за да се сечат дрва, поставуваат споменици…Се чека денот, за да се чекаат татковците на нацијата во шпалир, додека сечат ленти, ветуваат брда и долини и ги полнат со празни зборови напатените души преполни исчекување. Се чекаат оти секогаш доцнат, веројатно бидејќи и тие чекаат на некој шалтер, додека ги полнат сметките во Кипар, Лугано, Белизе…

Туку, настрана големите теми. Тоа што сме светски шампиони во чекање не е воопшто случајно. Не е само поради имињата како Трпе, Трајче, Спасе, Шпетим, Дурим. Не е само поради поговорките како трпение-спасение или сабур-селамет, кој чекал – дочекал, и слично. Тие само го потврдуваат и преку традицијата нашето неприкосновено право кое го полагаме на светскиот чекачки престол.

Кај нас не се чека само автобус, ред на шалтери разни, ред за возови и карвани со автобуси, кои не одат никаде. Кај нас се чека вработување поради долгогодишна верност на партијата, се чека субвенција, социјална помош, стипендија. Се чека тендер, се чека дозвола за изградба, за било што, се чека да се бутне ваму, да се подмачка таму. И кога ќе ти завршат работа, мора да почекаш за да почестиш, затоа што чекаш да видиш затоплување на температурите на твојата сметка. Единствено не се чека многу за уплата на донации или провизии, иако додека дојдеш до моментот на уплата, може и да се окозиш од чекање.

Верувале или не, и оние кои одат преку ред, кај нас мора да чекаат. Не за џабе сме шампиони. Бидејќи и во одењето преку ред кај нас има ред и формула: времето на чекање е обратно пропорционално со блискоста до челниците на фамилијата, луѓето блиски до фамилијата, или локалните шерифи блиски до блиските луѓе на фамилијата.

Еве и сега, почитувани ем сакани мои припадници на народот со најмногу време на светот, завршија изборите, а ние чекаме. Го чекаме Али. А, тој го чека народот. Народот, што го чека Али веќе 13 години, исто така чека. И ајде сега да видам некој кој во светски рамки би ја победил нашата најмила мајчица Македонија во оваа непобедлива стратегија за да се сочува светскиот примат во чекање. Светската федерација на чекачи може слободно да се откаже од пехарот, кој ќе ги краси вечно нашите шампионски витрини.

За крај, во овој контекст, поле, нива а богами и бавча, Младичот ќе ве потсети на еден виц за нашите комшии Црногорци, кои, секако, кога ќе ги споредиме со нас, неоправдано се воспеваат за нивната мрзеливост и способност за чекање!  Затоа, малку и ќе ги смениме улогите, согласно светската реалност и нашите неоспорни достигнувања во овој домен.

  • Дурим, Дурим (Трпе на албански, де)! Гледај, човек се дави во реката!
  • Види Трпе, имаме 5 опции, да скокнеме во реката да му помогнеме, да викнеме некој за помош, да најдеме некоја долга гранка да му ја подадеме да се фати и да го извлечеме, да тркнеме до селото…
  • А бе се удави човеков Дурим! Зошто стоиме ?!
  • Во право си Трпе! Зошто стоиме? Ајде да седнеме, да поразговараме за опцииве…
Tags: ЕУМакедонијаНАТОчекална
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ