Во катадневните свои битки за мир, за еднаквост на луѓето, за правда и правичност за секого и за сите, ЦИВИЛ беше и останува конкурентен демократски бренд на македонскиот и на меѓународниот јавен простор.
Веќе четврт век, ЦИВИЛ е најшироката овдешна платформа, терен за демократија, за севкупен општествен просперитет, за другарство и солидарност, за држава на еднакви луѓе.
Со својата упорност ама и со својата уникатна инаетливост, Дерала и Тимот на ЦИВИЛ, и во спокој и во неспокој, без задршка, без миг дилема и колебливост, опстојуваат врз својот базичен принцип – Безгранична Слобода за Мислата.
На Кормиларот Џабир и на Тимот на Цивил им посакувам ОД до 100. ЦИВИЛ, Честит 25-ти јубилеен РОДЕНДЕН!