Чешкиот министер за надворешни работи Јан Липавски изјави дека одлуката на Прага да ги прекине владините консултации со Словачка се покажува како исправна по неодамнешната посета на словачкиот премиер Роберт Фицо на Москва и средбата со „масовниот убиец“ Владимир Путин, објави Укринформ повикувајќи се на страницата на Липавски на социјалната мрежа Х.
„Чешката влада беше таа што обезбеди независност од руските енергетски испораки, за да не мораме да ползиме пред масовен убиец. А владата на Петр Фиала беше таа што одлучи да ги одложи владините консултации, што станува се подалекувидно со секој чекор на словачката влада“, коментира чешкиот министер за патувањето на словачкиот премиер во Москва и средбата со Путин.
Byla to česká vláda, která zajistila nezávislost na ruských energetických dodávkách tak, abychom se nemuseli plazit před masovým vrahem. A byla to vláda @P_Fiala, která rozhodla o odložení vládních konzultací, což se s každým dalším krokem slovenské vlády ukazuje prozíravější.
— Jan Lipavský (@JanLipavsky) December 22, 2024
Липавски додаде дека сега размислува „за сите Украинци кои не можат да го поминат Божиќ со своите најблиски поради Путин“.
Чешкиот премиер Петр Фиала, исто така, изјави за новинската агенција ЧТК дека чешката надворешна политика „е насочена во спротивна насока од Русија. И затоа, во текот на изминатите две години, чешката влада презеде „голем број мерки за да стане енергетски независна од Русија и да може да купува гас од посигурни партнери“.
Како што предходно објави ЦИВИЛ Медиа, словачкиот премиер Роберт Фицо, разговарашее со Путин за испораките на гас за Западот за време на неговата ненадејна посета на Москва, за која доби остри критики од словачката опозиција.
Драган Мишев