• Latest

Петардите и куршумите не се жижици – прославете безбедно

December 25, 2024

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА

Петардите и куршумите не се жижици – прославете безбедно

December 25, 2024 16:24
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Петардите претставуваат голем ризик за безбедноста и здравјето. Граѓаните, особено децата, често се сериозно повредени поради неодговорно ракување со пиротехнички средства. Исто така, тие предизвикуваат стрес и страв кај луѓето и животните, а можат да бидат и причина за пожари.

Неодамна МВР започна со превентивни кампањи со цел на граѓаните да им се укаже за можните последици од употребата на петарди и други пиротехнички средства, посебно актуелна пред и за време на новогодишните и божиќните празници.

МВР презема и репресивни мерки, со цел санкционирање на употребата на петарди и други пиротехнички средства и ги потсетува граѓаните за законските одредби во кои е санкционирана употребата на пиротехнички средства и нивната нелегална продажба.

„Во периодот од 01 јануари, заклучно со 30 ноември 2024 година евидентирани се 25 кривични пријави со кои се откриени 25 кривични дела од овој домен, при што во рамки на истите запленети се вкупно 52.806 парчиња петарди, 116 огномети и 166 пиротехнички ракети.

Покрај ова, во текот на декември годинава пронајдени и одземени се 137.095 петарди, 293 огномети и 167 ракети, за што дополнително ќе бидат преземени мерки“, велат од МВР за ЦИВИЛ Медиа.

Законот за прекршоци против јавниот ред и мир во член 31 предвидува глоба за оној кој неовластено употребува пиротехнички средства. Согласно Кривичниот законик, во член 396 е предвидено недозволеното изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи, при што:

(1) Тој кој што неовластено изработува, држи, продава, набавува или врши размена со огнено оружје, муниција или експлозивни материи, ќе се казни со затвор од три до десет години;

(2) Ако предмет на делото од ставот 1 е поголемо количество на огнено оружје, муниција или експлозивни материи, или огнено оружје, муниција или експлозивни материи кои на граѓаните им се забранети, сторителот ќе се казни со најмалку пет години затвор.

ЦИВИЛ повикува на свесност и совесност кај граѓанките и граѓаните во пресрет на новогодишните празници – БЕЗБЕДНОСТ пред сѐ – петардите и славеничкото пукање се опасни по здравјето и животот.

Децата се најчести жртви на повреди, трауми и несакани трагедии од употребата на распрскувачки материјали и несовесна употреба на оружје. Кога несовесни лица го злоупотребуваат оружјето за славеничко пукање, одговорните родители треба да им кажат три едноставни безбедносни правила на своите деца:

  • да се оддалечат од местото на славеничко пукање
  • да не допираат оружје или експлозиви и
  • да пријават незаконска употреба на оружјето.

Но, и да им објаснат дека тие правила важат и за возрасните, дури и на најголемите професионалци со дозвола за употреба на оружје и распрскувачки материјали може да им се случи да погрешат.

Децата се најчести жртви на повреди, трауми и несакани трагедии од употребата на распрскувачки материјали и несовесна употреба на оружје, несакани жртви поради брзо возење под дејство на алкохол или наркотични средства, како и физички пресметки за време на новогодишните празници.

ЦИВИЛ на својата Фејсбук страница го постави прашањето – Дали децата се безбедни за време на новогодишните празници?

ПРОСЛАВЕТЕ БЕЗБЕДНО!

Славеничкото пукање е забрането со закон и е крајно опасно по животот. Бројни се примерите на трагични завршетоци на прослави и веселби кога заскитан куршум убил или повредил случаен минувач или учесник на прославата.

Д. Муратов

Фото: ВИ

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ