• Latest

„Српска листа“ доби зелено светло за учество на косовските парламентарни избори на 9 февруари

December 26, 2024

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026

По обвинувањата за изборна измама, Израел ги потврди резултатите и влегува во коалициски преговори

November 4, 2026
Фото; Unsplash

Масовни протести во Чешка против реформата на јавните медиуми: Илјадници граѓани бараат заштита на медиумската независност

November 4, 2026

ИНФОГРАФИК: „Блунами“ во САД – што донесе синиот бран и што е следно за Трамп и светот

November 4, 2026

Син бран ја менува Америка: Демократите го освоија Конгресот, Трамп ја губи политичката доминација во Вашингтон

November 4, 2026

Проширувањето на ЕУ забрзува, Северна Македонија ризикува да остане на маргините

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

„Српска листа“ доби зелено светло за учество на косовските парламентарни избори на 9 февруари

December 26, 2024 13:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Централната изборна комисија Косово ќе чека да се завршат законските процедури, пред да го стави на дневен ред заверувањето на Српската листа за учество на изборите на 9 февруари, се вели во уредбата на Изборниот совет за претставки.

Според портпаролот на ЦИК, Валмир Елези, во одлуката на Изборниот совет за претставки и поднесоци има правна поука дека е дозволена жалба до Врховниот суд, во рок од 48 часа од моментот на донесување на одлуката, јавуваат косовските медиуми.

„Во решението на ПЗАП ( Изборниот совет за претставки) има правна поука, според која е дозволена жалба до Врховниот суд, во рок од 48 часа од моментот на одлуката. Затоа ЦИК пред да го постави ова прашање на дневен ред ќе чека да се завршат законските процедури“, изјави Елези.

ПЗАП пред еден ден го одобри приговорот на Српската листа, одлучувајќи да ја отфрли одлуката на ЦИК за не-регистрирање на овој политички субјект.

Советот и наложи на ЦИК да го завери политичкиот субјект „Српска листа“ и неговите кандидати за заменици, по препорака на Управата за регистрација, сертификација и финансиска контрола на политичките субјекти во ЦИК.

Според одлуката на ПЗАП, Српската листа  доставила комплетно пополнета апликација, согласно членовите 16 и 17 од Законот за општи избори и ЦИК е должна да го потврди секој политички субјект кој ги исполнува законските услови.

Пред три дена, на 23 декември, претставниците на Движењето Ветевендосје во ЦИК гласаа против заверувањето на Српската листа за редовните парламентарни избори во Косово, додека претставниците на другите партии беа воздржани.

На 7 ноември 2022 година, по одлуката за напуштање на институциите на Косово, пратениците на „Српска листа“ ги доставија и своите мандати до Собранието на Косово, а српските полициски службеници денеска го предадоа оружјето и униформите во полициската станица во северниот дел на Митровица.

Претходно, 17 советници на „Српска листа“  на општина Косовска Митровица заедно со градоначалникот, како и градоначалниците на Зубин Поток и Лепосавиќ дадоа официјални оставки од своите функции изминатиот викенд.

„Српска листа“ ги напушти  институциите на Косово по одлуката на косовските власти да го суспендираат директорот на косовската полиција за северниот регион, Ненад Ѓуриќ, кој одби да ја спроведе одлуката на Владата на Косово за пререгистрацијата на автомобилите со  регистарски таблички издадени од Србија во РКС – Република Косово.

На 1 ноември 2022 година, Владата на Република Косово започна со спроведување на планот за пререгистрација на табличките со српски ознаки на градовите во Косово, издаден од Србија, како што е КМ (Косовска Митровица). Планот за пререгистрација требаше да започне на 1 август, откако Косовските власти соопштија дека регистерските таблички ќе бидат заменувани со привремени и дека дополнителните полициски сили се разместени за имплементација на „реципроцитетот“.

Д. Тахири

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ