• Latest

Европската комисија промовираше Акциски план за зајакнување на кибер безбедноста во здравствениот сектор

January 15, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Европската комисија промовираше Акциски план за зајакнување на кибер безбедноста во здравствениот сектор

January 15, 2025 13:08
in БЕЗБЕДНОСТ И ОДБРАНА, ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Европската комисија денеска претстави Акциски план на ЕУ за зајакнување на кибер безбедноста на болниците и здравствените установи, со што треба да се создаде побезбеден и посигурен амбиент за пациентите и медицинските работници.

Извршната потпретседателка на Еврокомисијата за технолошки суверенитет, безбедност и демократија, Хена Виркунен при презентацијата на Планот нагласи дека модерното здравство направи неверојатен напредок со дигиталната трансформација, со што се подобри здравствена заштита на граѓаните.

– За жал, здравствените системи, исто така, се предмет на инциденти и закани по кибер безбедноста. Затоа инициравме Акциски план за да се осигураме дека здравствените системи, институциите и поврзаните медицински помошни установи се отпорни на кибер напади, рече Виркунен.

Според неа, согласно медицинската максима „подобро е да се спречи, отколку да се лекува“, Европската комисија со овој План презема мерки за спречување на појавата на кибер напади.

– Но, ако се случат, треба да имаме се што е потребно за да ги откриеме, брзо да реагираме и да закрепнеме од нив, додаде Виркунен.

Според еврокомесарот за здравство и благосостојба на животните Оливер Вархеји, дигиталните технологии и решенија отворија нови можности за здравството, овозможувајќи прецизна медицина, следење на состојбата на пациентите во реално време и беспрекорна прекугранична комуникација помеѓу давателите на здравствени услуги.

– Но, дигитализацијата е силна само ако влева довербата и ако е отпорна од кибер напади. Пациентите мора да се чувствуваат сигурни дека нивните најчувствителни информации се безбедни, рече Вархеји,

Но, покрај пациентите, според него, исто така и здравствените работници мора да имаат доверба во системите што секојдневно ги користат за да спасуваат животи.

– Денешниот Акциски план е важен чекор кон обезбедувањето на таа доверба и создавање поотпорен здравствен систем за иднината, додаде Вархеји.

Овој Акциски план беше најавен од страна на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, како еден од нејзините клучни приоритет во првите 100 дена од новиот мандат, имајќи предвид дека во здравствените сектори на земјите членки на ЕУ во 2023 година биле регистрирани 309 поголеми инциденти поврзани со кибер безбедноста.

– Дигитализацијата носи револуција во здравството, овозможувајќи подобри услуги за пациентите преку иновации, како што се електронски здравствени картони, телемедицина и дијагностика со помош на вештачката интелигенција. Сепак, кибер нападите може да ги одложат медицинските процедури, да создадат блокади во салите за итни случаи и да ги нарушат виталните услуги што, во тешки случаи, може да имаат директно влијание врз животите на Европејците, посочи Еврокомисијата.

Во Љубљана утрово почна главното судско рочиште против 11 лица и една компанија, кои се дел од најголемата здравствено-корупциска афера во Словенија. На првото рочиште кое се одржа во мај и ј

Со Планот се предвидува формирање на Паневропски центар за поддршка на кибер безбедноста на болниците и здравствените установи, кој ќе им обезбедува насоки, алатки, услуги и обука.

Главни приоритети на Акцискиот план се засилена превенција преку изградба на капацитетите за спречување на кибер инциденти во здравствениот сектор, создавање на систем за побрзо откривање и идентификација на заканите, максимално намалување на времето потребно за одговор на кибер нападите и зајакнување на можностите на европските здравствени системи за одвраќање на кибер заканите.

Комисијата најави дека наскоро ќе започне јавна консултација за Планот во која ќе може да учествуваат сите граѓани и засегнати страни. Од овие консултации се очекува да произлезат дополнителни препораки кои до крајот на годината би биле вклучени во Планот.

Примената на Акцискиот план, кој претставува прв чекор во процесот за зајакнување на кибер безбедноста во здравствениот сектор во ЕУ, предвидено е да започне етапно во текот на 2025 и 2026 година.

Фото: ЕБС/МИА Архива

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на N1

    Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Делегацијата на Хамас пристигна во Египет на индиректни разговори со Израел за мировниот план на Трамп за Газа

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ