Украинската амбасадорка во земјава, Лариса Дир, која на социјалните мрежи води своевиден дневник на случувањата во Украина за време на целосната и неиспровоцирана руска воена агресија, на 1057 ден од почетокот на руска инвазија со објава на својата сметка на Х посочи на случаите поврзани со бруталното егзекутирање на украински воени заробеници од страна на рф.
Ден 1057. И на рф, и на севернокорејските воени заробеници 🇺🇦им се обезбедува медицинска помош.@GP_Ukraine истражува >202 кривични случаи поврзани со бруталното егзекутирање на🇺🇦воени заробеници од страна на рф.
рф мора да престане да ги егзекутира украинските воени заробеници. pic.twitter.com/bSA9PP1SN9— Larysa Dir (@dir_larysa) January 15, 2025
Ден 1057. И на рф, и на севернокорејските воени заробеници во Украина им се обезбедува медицинска помош. Генералното обвинителство на Украина истражува 202 кривични случаи поврзани со бруталното егзекутирање на украиски воени заробеници од страна на рф. рф мора да престане да ги егзекутира украинските воени заробеници, напиша Дир на социјалната мрежа Х.
Драган Мишев