• Latest

Граѓански активист жртва на постизборни политички притисоци и дискриминација!

February 22, 2017

Синдикатот на „Нова“ и „Радар“ бара повлекување на одлуките за затворање на весникот и отпуштање на соработници

October 28, 2026
Немања Каровиќ, Студентска листа

Каровиќ, Студентска листа: Власта во заминување се обидела да извлече милијарда динари од банка во Србија

October 28, 2026

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Граѓански активист жртва на постизборни политички притисоци и дискриминација!

February 22, 2017 16:46
in ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Наставникот по македонски јазик, Владо Димовски, граѓански активист, учесник во Шарената револуција и генерален секретар на невладината организација „Центар за меѓуетничка толеранција“, добил отказ од политички причини од в.д. директорот на ОУ „Алија Авдовиќ“ во селото Батинци, општина Студеничани. Уште во предизборието, поради неговата експонираност во граѓанскиот активизам, вели дека му бил намален фондот на часови, а по изборите, в.д. директорот Кенан Имери, член на ДПА и претседател на Советот на Општина Студеничани му дал отказно решение, без да ги образложи причините за тоа.

„Ми беа прво одземени два часа, како опомена за моите активности надвор од училиштето, активностите во Наставничкиот пленум, заложбите во медиумите за квалитетно образование, за на крајот на јануари, таа опомена со одземање на два часа – да прерасне и во отказно решение. Добив отказно решение без да биде наведена причината. А, во училиштето ‘Алија Авдовиќ’ работам од 2008 година. До денеска, не сум ниту опоменуван, ниту казнуван. Наспроти тоа, минатата година бев оценет со одлична оценка и од Државниот просветен инспекторат на интегралната евалуација и од советникот по мојот предмет од Бирото за развој на образование“, вели Димовски.
Тој смета дека в.д. директорот на Основното училиште „Алија Авдовиќ“ и етнички го дискриминира.

 

„Она што јас го почувствував како притисок од в.д. директорот Кенан Имери, сметам дека е голем чин на национална дискриминација, бидејќи во периодот додека работев таму, на голем дел на мои колеги кои се од албанска националност им беа издадени решенија, а на други колеги – не. И во последиве два месеца, од тоа училиште сме отпуштени четворица дипломирани професори, и сите припаѓаме на македонската заедница. На наше место се примени колеги од албанска националност, кои се со завршено средно образование, а ги предаваат нашите предмети“, реагира Димовски.
Тој во законскиот рок поднел жалба до Училишниот одбор, а денеска добил негативен одговор. Димовски е убеден дека и Училишниот одбор, којшто, вели, е еднонационален, ја прави истата грешка како и в.д. директорот.

„Според нив, не е извршена национална и професионална дискриминација во мојот случај. На претседателот на Училишниот одбор му е трансформирано работното место како на Албанец, иако не ги исполнуваше условите, а мене како на Македонец, ми беше одбиено барањето за трансформација на работното место“, забележува Димовски.
Во Наставничкиот совет, како што објаснува, поголем број се наставници од албанска националност, во однос на оние од македонска. Од вкупно 64 паралелки во училиштето, само 8 се со ученици од македонска националност. Тој лично спроведувал проекти за меѓуетничка толеранција меѓу учениците и како наставник имал голема соработка со родителите. Меѓуетничкиот соживот во селото смета дека треба да биде за пример за сите останати населени места во скопскиот регион.

Затоа, генералниот секретар на Центарот за меѓуетничка толеранција, Димовски има порака до граѓаните во општина Студеничани.
„Во ситуација кога Македонија подолго време е со кревки меѓуетнички основи, мојата порака до граѓаните на општина Студеничани е што поскоро да расчистат со ваквите националисти и оние кои што праќаат националистички пораки, преку откази, казнувања… И да се посветат на квалитетно образование. Родителите и граѓаните да бараат квалитетни кадри коишто ќе ги учат нивните деца“, порачува Димовски.

Камера: Атанас Петровски

Текст и монтажа: Моника Талеска

Tags: БатинциВладо Димовскиграѓански активистОУ Алија АвдовиќСтуденичанишарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ