• Latest
Заменик министерот за надворешни работи на Украина, Евген Перебијнис, на средба со министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, Скопје, 18 јануари 2025

Украина и Северна Македонија на истата „европска страница“: Продолжување и продлабочување на соработката во евроинтеграциите, забрзување на следниот пакет воено-техничка помош за Украина

January 18, 2025

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ АКЦЕНТ

Украина и Северна Македонија на истата „европска страница“: Продолжување и продлабочување на соработката во евроинтеграциите, забрзување на следниот пакет воено-техничка помош за Украина

January 18, 2025 16:07
in АКЦЕНТ, ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Заменик министерот за надворешни работи на Украина, Евген Перебијнис, на средба со министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, Скопје, 18 јануари 2025

Заменик министерот за надворешни работи на Украина, Евген Перебијнис, на средба со министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани, Скопје, 18 јануари 2025

Share on FacebookShare on Twitter

На 18 јануари, заменикот министер за надворешни работи на Украина, Евген Перебијнис, оствари средба со министерот за европски прашања на Република Северна Македонија, Орхан Муртезани. Двете страни разговараа за клучните насоки на билатералната соработка, заедничките евроинтегративни приоритети и ја потврдија својата посветеност на политиката за проширување на Европската унија, објави ЦивилМедиа.

Украина и Северна Македонија се договорија да ја зајакнат соработката меѓу земјите-кандидати за членство во ЕУ за забрзување на интеграциските процеси.

„Благодарни сме на Северна Македонија за нејзиното целосно усогласување со заедничката надворешна и безбедносна политика на ЕУ, особено во однос на агресивната војна на Русија против Украина,“ истакна Евген Перебијнис.

Заменикот министер изрази благодарност за одбранбената поддршка што Северна Македонија ја обезбедува на Украина од 2022 година.

За време на средбата беше нагласена важноста од забрзување на доставувањето на следниот пакет воено-техничка помош. Страните ја истакнаа клучната улога на НАТО во обезбедувањето долгорочна безбедност во регионот и спречувањето на понатамошна агресија од страна на Русија.

Украинската страна ги повика колегите од Северна Македонија да го засилат залагањето меѓу сојузниците на НАТО за поканување на Украина во Алијансата.

И амбасадорката на Украина, Лариса Дир, на социјалните мрежи го истакна значењето на оваа средба.

Ден 1060. „Благодарни сме на🇲🇰за усогласување со CFSP,особено во однос на агресивната војна на РФ против 🇺🇦“ истакна @YPerebyinis @MFA_Ukraine за време на средбата со @OMurtezani во Киjив
🇺🇦се надева дека🇲🇰ќе го засили залагањето меѓу сојузниците на НАТО за поканување на🇺🇦во НАТО pic.twitter.com/WPXrabbhaY

— Larysa Dir (@dir_larysa) January 18, 2025

Амбасадорката Дир ја искористи можноста да се заблагодари за поддршката што Северна Македонија ѝ ја пружа на Украина од првите денови на руската воена агресија.

Средба на министрите за надворешни работи на Југоисточна Европа во Кијив, 17 јануари 2025

Ја цениме поддршката од Северна Македонија @MFA_MKD @TimcoMucunski #Zoran_Dimitrovski

🇲🇰, која од првите денови на воената агресија на рф ѝ помага на Украина да се бори против руската агресија.

📎 https://t.co/BL194smp5j#StandWithUkraine #RussiaIsATerroristState pic.twitter.com/bjAMgXC24g

— Larysa Dir (@dir_larysa) January 18, 2025

Ова доаѓа еден ден по одржувањето на Средбата на министрите за надворешни работи на Југоисточна Европа во Кијив, чиј домаќин беше министерот за надворешни работи Андриј Сибига, по што беше усвоено и заедничко Коминике.

Подготви: Џ. Д.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result