Првиот ден откако стапи на функција, претседателот Доналд Трамп потпиша серија извршни дејствија, отповикувајќи 78 од политиките на Џо Бајден, неколку часа по враќањето во Белата куќа.
Како што пренесува Си-ен-ен, 47-от американски претседател нареди да се запре имиграцијата и ги повлече САД од Парискиот договор за климата и Светската здравствена организација.
Дополнително, Трамп помилува околу 1.500 лица обвинети за нападот на американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година и им ги ублажи казните на водачите на „Гордите момчиња и чувари на заклетвата“, кои беа осудени за бунтовнички заговор.
Исто така, Трамп потпиша извршна акција која го одложи спроведувањето на забраната за TikTok за 75 дена. Законот му дава на претседателот широка дискреција за тоа како да ја спроведе забраната за видео апликацијата во кинеска сопственост.
Подготви: Д. Мишев