• Latest

Европското граѓанско општество со писмо до институциите на ЕУ алармира за угнетувањето на режимот на Вучиќ врз ЕУ, регионалните и Српски граѓански активисти

January 23, 2025

Израел по изборите: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена околу формирањето нова влада

October 28, 2026
Неуморни и сеприсутни: Државната служба  за вонредни состојби на Украина (ДСНС): Кијив, 27 октомври 2026

Студот и темнината како оружје на рускиот агресор – Комисија на ОН: воени злосторства и злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Протести во Франција: Владата најави мерки од 5 милијарди евра, нови протести на 31 октомври и 5 ноември

October 28, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Кој ќе биде оревокршач во Македонија

October 28, 2026
Амбасада на Израел, Белград,  28 октомври 2026 (Фото: Министерство за внатрешни работи на  Србија)

Втор напад за две години пред израелската амбасада во Белград, прогласено црвено ниво на закана

October 28, 2026

ШТО Е СНОБ: Легендата за sine nobilitate и опседнатоста со докажување на сопствената вредност

October 28, 2026
Џелал Хоџиќ

Време е да се растераат темните облаци на Путин над Западен Балкан

October 28, 2026

РЕАКЦИИ: Србија по студентската победа – надеж за промени или страв од повторување на старите грешки?

October 27, 2026

Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

October 27, 2026
Насер Селмани

Случајот Селмани пред Уставниот суд: Јавна расправа за слободата на изразување

October 27, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА

Европското граѓанско општество со писмо до институциите на ЕУ алармира за угнетувањето на режимот на Вучиќ врз ЕУ, регионалните и Српски граѓански активисти

January 23, 2025 14:26
in ВЕСТИ, ГРАЃАНСКА, ОПШТЕСТВО, РЕГИОН, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Со голема загриженост известени сме  за притворот преку ноќ и неправедната депортација на државјани од  Хрватска (4 лица), Словенија (1 лице), Романија (2 лица), Албанија (2 лица) и Северна Македонија (1 лице), кои престојуваа  во Белград во студиска посета на НВО Академија на Ерсте Штифтунг програмата, која ги едуцира младите професионалци кои работат во НВО, се наведува во писмото на граѓанските организации до Европските институции – Европски економски и социјален комитет, Европскиот парламент и Европската комисија.

„Овие граѓански активисти и стручни лица од  невладини организации  биле задржани преку ноќ и протерани од државата со бледо  образложение дека ја загрозиле  безбедноста и на Србија, без никаков доказ за истрага за овие обвинувања.

Сите протерани лица добијле едногодишна забрана за влез во Србија. Тие биле демнети пред хотелот и со неозначен полициски автомобил биле приведени  во полициска станица, изложени на непријателски распит во текот на ноќта и принудени  да потпишат едвај читлив документ на кирилица, прогласувајќи ги за „закана за националната безбедност“.

Во текот на изминатиот месец, имаше две слични протерувања на  хрватски државјани, а претходно оваа година беа донесени слични забрани против Босански активисти и писатели кои објавија изјави за поддршка на протестите во Србија.

Од летото 2024 година, интензивирана е репресијата врз српските граѓански организации од грасрут активисти, средношколци и студенти кои протестираат мирно како и независни новинари  преку употреба на надзор, сето тоа документирано од Амнести интернешенел, и притвори и неказнето насилство од парадржавни групи.

Овој пат цел на режимот се меѓународна група на граѓански активисти спонзорирани од реномирана фондација со седиште во Австрија која промовира регионална соработка и учење.

Овој инцидент ја одразува вознемирувачката шема на зголемено непријателство на српската влада против домашните и странски државјани. Очигледно, овие угнетувачки акции се преземаат во контекст на масовни студентски протести низ Србија против корупцијата, лошото управување со јавните служби и злоупотреба на моќ, што режимот го смета за вистинска закана.

Овој најнов инцидент покренува сериозна загриженост за почитувањето на човековите права и слободи во Србија, особено за безбедноста на луѓето и организациите вклучени во активизмот за човекови права на локално ниво и ширум регионот.

Дополнително, и подеднакво загрижувачки се дејствијата преземени од властите, кои  се чини дека се дел од една поширока стратегија за поттикнување непријателство кон соседните земји и кон ЕУ во целина.

Режимот на Вучиќ е очигледно бара „надворешен непријател“ за да го сврти вниманието и да ја избегне одговорноста за проблемите со јавната безбедност и пристапот до јавните услуги кои создадоа широко распространети и зголемени  домашни критики предводени од студентите ширум Србија.

Силно ги повикуваме српските власти да дадат транспарентно објаснување за овие неразумни и нелегитимни дејствија против граѓански активисти од земјите членки и кандидати за ЕУ, и да се дадат гаранции дека ваквото неправедно постапување нема да се повтори. Од клучно значење е правата на сите поединци, особено оние кои работат на позитивни општествени промени, да  се поддржани и заштитени.

Ги повикуваме институциите на ЕУ и земјите-членки на ЕУ, сериозно да ги земат во предвид  овие прекршувања на човековите права преземени од страна на српската влада , и да употребат  политички и институционални средства  во барање одговорност од  српската влада за нејзините постапки против нејзините и граѓаните на соседните земји, кои се соочуваат со прекршување на граѓанските права, за што нашироко сведочат меѓународните организации за човекови права

Како земја кандидат, од  Владата на Република Србија  се очекува да ги спроведе во пракса европските вредности содржани во Повелбата за основните права на ЕУ.

Наместо непријателство, параноја и меѓународни тензии, влада која тврди дека има демократски легитимитет, треба да поттикнува граѓански дијалог, соработка и меѓусебно почитување – и во Србија и низ регионот на Западен Балкан.

Се солидаризираме со сите жртви на режимот на Вучиќ – и домашни и странски – и повикуваме, на акција ширум Европа за заштита на граѓанскиот простор, мирот и безбедноста во Србија.  Да ги здружиме нашите гласови за слободна и безбедна Србија!“, се наведува во писмото до европските институции.

Д. Тахири/ Д. Мишев


Хрватската граѓанска организација СОЛИДАРНА предупредува: Српскиот режим ги угнетува и вознемирува ЕУ, регионалните и српските граѓански активисти

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ