• Latest

24 ЧАСА: Граѓаните на протести побараа одговорност и правда за Фросина и сите други жртви; Од власта најавуваат промени и мерки; Студентите од Белград го продолжуваат протестниот марш до Нови Сад

January 31, 2025
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
РУСКА ДЕСТРУКЦИЈА: Мариупол, Украина (фото извор: Фејсбук страница - Mariupol Destruction and Victims)

Крвавиот објектив на Кремљ: Како преку престижна германска награда се пере рускиот геноцид во Мариупол

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026
Проф. Оливер Андонов (фото: ЦИВИЛ)

Новата бугарска влада на РСМ

July 12, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Попрво би крварел во побуна отколку да гнијам во послушност

July 12, 2026
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

24 ЧАСА: Граѓаните на протести побараа одговорност и правда за Фросина и сите други жртви; Од власта најавуваат промени и мерки; Студентите од Белград го продолжуваат протестниот марш до Нови Сад

January 31, 2025 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Стотици граѓани на мирен протест побараа одговорност од институциите по усмртувањето на младата Фросина

Стотици граѓани  денеска се собраа на булеварот „Партизански Одреди“ каде што на пешачки премин беше прегазена 22-годишната Фросина Кулакова, од 20-годишниот Васил Јованов, кој возел под дејство на алкохол и без возачка дозвола со 130 километри на час и поминал на црвено.

„Смртта на Фросина е пропуст на системот“; „Вози на бензин не на промили!“; „Една чашка, една грешка, еден живот“; „Сите одиме кај ист судија, а таму има само една правда“; „Обвинители = соучесници убијци“; „Не е несреќа, туку убиство“; „Не е кобно местово, туку луѓето и системот“; „Без казна и вашите раце се крвави“; „Врските не враќаат човечки живот“; „Одговорност“, беа дел од пораките на собраните граѓанки и граѓани.

За 20 годишниот Васил Јованов денеска е одредена мерка притвор во траење од 30 дена, известија од Кривичен суд.

Против 20-годишниот возач што ја усмрти младата Фросина на „Партизанска“ претходно имало пријави за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори и за сообраќајна незгода во која едно лице се здобило со полесни повреди

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Тошковски: Секој во системот мора да ја понесе својата одговорност

Гневот на јавноста е разбирлив, недовербата во институциите е оправдана, но ова не смее да заврши само со пишување на гневни статуси по социјалните мрежи и протести што ќе траат неколку дена. Промените мора да бидат реални. Секој во системот мора да ја понесе својата одговорност, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во врска со прегазувањето на Фросина Кулакова.

РЕГИОН

Студентите го продолжија протестниот марш кон Нови Сад, откако преспаа на фудбалски стадион во Инџија

Белградските студентите кои тргнаа на протестен марш кон Нови Сад, да им се придружат на колегите во блокадата на 3 моста, денес го продолжија својот пат откако откако преспаа под шатори на фудбалскиот стадион во Инџија, а како душеци користеле стиропор.

СВЕТ

Трамп злоупотребувајќи ја трагедијата неосновано ги обвини демократите за авионската несреќа во Вашингтон

Доналд Трамп ја искористи авионската несреќа во Вашингтон за да ги нападне своите политички непријатели, тврдејќи дека демократите се одговорни за намалените стандарди во контролата на воздушниот сообраќај и дека катастрофата „можела да биде“ предизвикана од политиките за различност, правичност и вклучување (ДЕИ) во Федералната администрација за авијација (ФАА).

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ

Што треба да се направи за побезбеден сообраќај?

Трагедиите на улиците во Скопје и други градови се помрачен потсетник за тоа дека мора да се преземат итни мерки за подобрување на безбедноста. Постојано се бара одговорност од институциите и од учесниците во сообраќајот, но таа често изостанува.

АЛ-ПРЕС

Редакциски избор од албанските медиуми во регионот: По САД, и Швајцарија ги прекина програмите за помош за Албанија; Косовската влада одвои 500 илјади евра за Газа; ЕП повикува на нов поттик во дијалогот Косово-Србија

Подготви: Д. Тахири

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ